Томислав Каранфиловски: „Бев жртва на булинг, 4-те години во средно ми беа најужасните години во животот“

Да се вратиш назад, што би направил поинаку?

Не знам колку еден тинејџер има простор да ги менува работите. Јас тогаш се посветив на пишување и читање, активности кои ми помагаа да се изборам со трауматските искуства.

Кога тинејџер е оставен сам на себе, нема многу можности за да ги менува работите системски.

tomislav-karanfilovski-bev-zhrtva-na-buling-4-te-godini-vo-sredno-mi-bea-najuzhasnite-godini-vo-zhivotot-04.jpg

Имаш ли последици од тоа до денес? Дали те направи несигурна или посилна личност?

Да. Се борам со анксиозност и сметам дека една од причините зошто и ден денес ме прати оваа состојба е булингот во средното образование.

Од една страна сметам дека сите тие трауматски искуства придонесоа да созреам побрзо и да станам посилен, но во некои аспекти, ранливоста е и ден денес присутна.

Колку во Македонија се говори јавно за булинг?

Воопшто не се говори. Како што не се говори и за многу други важни теми од воспитно-образовниот процес.

Живееме во комплетно уништен систем по многу основи, кој веќе со децении наназад се распаѓа.

За жал, покажуваме како општество дека воопшто не сме одговорни кон процесите што ни се случуваат. Освен хистерија и параноични реакции, ние немаме чувство за ред, организација и систем.

Но, станува збор и за премногу лош менталитет, навики, карактеристики, патријархални вредности кои форсираат токсична машкост и доминација на груба сила и агресија.

Па, секое трето дете трпи булинг и секоја трета жена е жртва на семејно насилство.

Ние сме исклучително нездраво и насилничко општество, скриено зад некакви божемни религиско-конзервативни вредности.

tomislav-karanfilovski-bev-zhrtva-na-buling-4-te-godini-vo-sredno-mi-bea-najuzhasnite-godini-vo-zhivotot-05.jpg

Што треба да се преземе според тебе за да се спречи булингот во училиштата?

Треба многу да се работи. Треба од темел да го средиме воспитно-образовниот систем, за што искрено сум многу скептичен и песимист.

Треба да се угледуваме цело време на квалитетни системи како што се скандинавските, на пример.

Потребно е директорите на училиштата да бидат луѓе кои поседуваат извонредни квалитети, потребно е да се вработуваат одлични професионалци како наставници со сериозни успеси уште за време на студиите, луѓе кои имаат афинитет за педагошка дејност.

Потребно е да се вработуваат квалитетни психолози и социјални работници во училиштата, потребни се програми за работа со ученици агресори и ученици жртви на булинг.

И многу важно, потребно е булингот да стане кривично дело. Агресорите не смеат да поминат неказнето, како и нивните родители.

Во Франција, на пример, меѓуврсничкото насилство е кривично дело за кое се лежи затвор, а паричните казни се движат и до 45.000 евра.

Мора да сфатиме дека агресијата во училиште не е детска работа и како што сме научени – да ја ставаме под тепих. Булингот е многу сериозно злодело кое мора да биде превенирано и ефикасно решавано.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...
Маја Саздановска: „И по 30 години од песната ‘Во светот на бајките’, добивам видеа од родители кои г... „Од моето најрано детство, баба ми ме качуваше на столче кога ќе ѝ дојдеа другар...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Бродски љубовни приказни: Србинот Ненад и Перуанката Дафне, Карен од Мексико и Роман од Венецуела Врските на брод се познати по својот краток рок на траење, многу авантури за едн...
Сашо од Битола за животот на Флорида: „Кога си далеку од дома сè ти недостига – но, не знам дали би ... „Бидејќи работев на брод, беше лесно да извадам туристичка виза и да дојдам посл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg