Александар од Скопје за Бразил: „Летот со хеликоптер над Рио е фасцинантен, локалците не знаат англиски, а пивото го служат полусмрзнато“

Се најдовте ли во некоја непријатна ситуација?

Јас успеав на неколку пригоди да се најдам во непријатни ситуации во Рио, кои за среќа не завршија страшно.

Првата беше за време на прославата на новата година на Копакабана, каде што дојде до пресметка помеѓу две групи на луѓе коишто се наоѓаа и поминаа одма покрај нас.

Истата вечер мораше и воената полиција да интервенира со неколку воени коли додека се враќавме назад до нашето сместување.

Втората беше сред бел ден исто така во наша близина на автобуска постојка каде што настанаа нереди и луѓето мораа да ги молат воените лица да излезат од нивното возило и да ја смират ситуацијата.

Третата ситуација беше додека се возев во кола со Убер и застанавме на семафор.

Надвор од колата на самиот тротоар до мене се тепаа двајца бездомници, од кој едниот од нив извади предмет со кој се обидуваше да го избоде, а потоа и камен за да го повреди другиот.

Но, за среќа на крај никој не беше сериозно повреден и се разотидоа секој на своја страна.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 4

Какви се локалците и каков е нивниот начин на живот?

Поголемиот дел од нив се дружељубиви и сакаат да се социјализираат, да танцуваат и да се забавуваат и нема потреба да потенцирам дека обожаваат спорт и фудбал.

Единствена пречка претставува само јазикот за комуницирање, бидејќи поприлично голем дел од нив не разбираат англиски.

Дури и вработени во туристички агенции или салони за изнајмување на коли знаат да комуницираат само на португалски јазик и мора преку Google Translate да се комуницира.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 10

Се чувствувавте ли безбедно за време на патувањето?

Во Бразил голем проблем претставува сиромаштија во одредени делови од градот, коишто најчесто се наоѓаат во самиот центар.

Во тие предели не би препорачал многу да се шета ниту преку ден, а што се однесува за вечерна прошетка само покрај крајбрежјето.

Единствено место каде што не морав да внимавам на мојот ранец и опремата беше градот Paraty.

Прекрасно место кое изобилува со стари градби и безброј туристички агенции кои нудат крстарења по океанот и бањање на изолирани плажи на кои може да се стигне само со водно превозно средство.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 9

Кои песни постојано ги преслушуваше за време на патувањето?

На радио најчесто се вртеа бразилски и американски поп хитови и се разбира самба ритми на плажите само за танцување.

Во секој случај каде и да се движиш низ Бразил ќе те пратат разни мелодии од музика па сè до звуците на папагалите и другите видови на птици и животни.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 14

Зошто секој мора да го посети Бразил барем еднаш во животот?

Секој што има авантуристички дух и сака да истражува нови места дефинитивно мора да го посети Бразил заради прекрасните водопади, пространите плажи, разновидната вегетација и различни видови на животни и птици, превкусната и уникатна храна, јужноамериканската култура и начин на живеење.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 6

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 16

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

 Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg