Александар од Скопје за Бразил: „Летот со хеликоптер над Рио е фасцинантен, локалците не знаат англиски, а пивото го служат полусмрзнато“

На каков начин може подобро да се доживее и истражи Рио де Жанеиро?

Списокот е поприлично долг, не би можел да ги набројам сите активности, но затоа би одвоил една која е навистина уникатна.

Станува збор за летање со хеликоптер над Рио и околу статуата на Исус Христос Искупителот.

Дефинитивно адреналинска активност на којашто до сега немам наидено на друго место.

Исто така постои и можност за организирана посета на озогласените фавели, за тие што сакаат да излезат малку надвор од нивната комфор зона.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 12

Новата Година ја дочекавте на плажа. Какво искуство беше тоа за тебе?

Ново и уникатно доживување каде за прв пат во летен период ја дочекавме Новата Година на плажа.

Копакабана беше преполна со разиграни луѓе и музика која доаѓаше од главната бина каде што имаше различни артисти кои нè забавуваа таа вечер.

Неколку минути пред полноќ сите се упативме кон океанот за да го проследиме огнометот, кој траеше приближно дванаесет минути и ни приреди шоу за паметење.

Единствен проблем претставуваше враќањето назад до нашето сместување, бидејќи бројот на луѓе што беа присутни само на Копакабана изнесуваше над два милиони според објавените информации.

Моравме пешки да се движиме неколку километри во милионски колони од луѓе.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 2

Какви се цените низ Бразил?

Секако зависи во кој град и на која локација се наоѓаш, но во просек цените се поприлично достапни и слични на нашите во Македонија.

На пример во Сао Луис заедно со Милена седнавме во убав ресторан којшто се наоѓа веднаш до плажа и нарачавме две порции со морски плодови и пиво за двајцата и сето тоа заедно нè чинеше околу 1.500 ден.

Инаку пивото секаде го сервираат многу ладно, дури на некои места пивото е и полузамрзнато за да те освежи од тропската клима и жештините.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 8

Кое место те воодушеви, а кое те разочара?

Целиот град Рио ме воодушеви и ме остави без здив со миксот на култура, луѓе, природата, но истовремено и ме разочара со преголемиот број на бездомници и нечистотија во самиот центар на градот.

Преубавите погледи од разновидните планини и бескрајните плажи со зајдисонцето во заднина и звукот на бранови кои ти ги разладуваат стапалата.

Наспроти криминалот и насилството во фавелите и центарот на градот.

Исто така очекував статуата на Исус Христос спасителот да биде многу поголема и грандиозна, но кога пристигнавме на врвот на планината и ја здогледав сфатив дека Милениумскиот крст на Водно е речи дупло поголем од статуата.

Но секако погледот којшто го нуди тоа место не се споредува со ништо друго.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 3

Каква им е локалната храна?

Бразил е вистински рај за гурманите и луѓето што сакаат да пробаат различни видови на храна.

Речиси и да не постои храна којашто не е застапена во Бразил, но најмногу изобилуваат со морска свежа храна, различни видови на зачинети специјалитети препознатливи само на овие предели и се разбира илјадници видови на овошје.

Во Сао Паоло успеавме да посетиме познатиот пазар Mercado Municipal de São Paulo. Уште на самиот влез луѓето што продаваат ти нудат да пробаш различни видови на овошје.

Ние секако не ги одбивме и се насладивме со природниот шеќер од превкусните овошки.

Кој ти беше најомилениот дел од целото патување во Бразил?

Тешко е да одвојам најомилен дел од патувањето, но затоа можам да кажам дека најрелаксирачки дел беше крстарењето по океанот во Paraty. Каде што имавме можност да се бањаме во кристално чиста вода и да ги храниме рибите додека пливаме покрај нив.

Наспроти тоа најадреналинско доживување беше возењето на АТВ по песочните дини во националниот парк Lençóis Maranhenses.

aleksndar aleksovski pejzazen fotograf vo rio de zaneir0 me fascinira koegzistencijata na prirodata so moderniot del od gradot a brazil mora da se poseti barem ednash vo zivotot 5

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg