Сања живее во Јапонија 3 години: „Ми беше чудно што паровите се секогаш исто облечени, ми недостигаат пиперките од Македонија“

„Јапонците ја обожаваат и Европа, особено Франција. Често одат во Франција на одмор. Мислам дека многу од нив и имаат мала опсесија со Франција, фасцинирани се од францускиот јазик и култура, во местото каде што живееме скоро сите пекарници носат француско име и вработените носат беретки, бутиците, салоните за убавина се со француски имиња“, споделува Сања (32) од Скопје за CRNOBELO.com.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-01.jpg

Сања Спиридоновска (32) со сопругот Ник, кој работи за „Universal Studios Japan“, живее во Јапонија веќе 3 години.

Нејзиниот дом е во местото Хиого и сега ни открива нови детали за животот таму, откако во првото интервју со нас сподели каков ѝ бил првиот впечаток за Јапонија кога слетала таму и зошто оваа земја е друг универзум.

За CRNOBELO.com Сања споделува нови детали за животот во Јапонија:

Наброј ни некои интересни јапонски изуми од секојдневието… Кои се најкорисни, а кои најбизарни?

Од секојдневието има неколку интересни работи што ги користиме често, бидејќи во моментов е сè уште зима и е доста студено овде, во секој момент имаме ’Kairo‘ (на јапонски) ’disposable hand warmers‘ или на македонски се викаат затоплувачи на раце за една употреба.

Во суштина тоа се мали кесички полни со супстанција што содржи вода, вермикулит, јаглерод и сол. Кога кесичката е изложена на воздух, железото оксидира и се загрева во период од околу 10 минути, а потоа останува топло околу 12 часа.

Секое утро ѝ давам на ќерка ми по две да чува во џебовите додека оди во училиште.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-11.jpg

За најчудни или најбизарни работи можам да одвојам нешто од нивната секојдневна храна, едно од тие се сендвичите во 7/11 или Family mart кои најчесто ги има на лето. Тоа се сендвичи полни со шлаг и различни видови на овошје.

Многу луѓе овде ги сакаат, но јас пробав еднаш и воопшто не ми беа вкусни поради тоа што кришките од леб се без корка и се многу меки, па кога шлагот ќе остане долго време внатре, лепчињата стануваат влажни и сендвичот нема буквално никаков вкус. Може многу луѓе нема да се согласат со мене, но тоа е само мое мислење.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-06.jpg

Исто така, некои од нивните специјалитети, како на пример Chicken sashimi или Horse sashimi, тоа е буквално живо пилешко или живо месо од коњ.

Еднаш кога бевме излезени со едни пријатели кои се Јапонци во локален јапонски ресторан, тие порачаа, но јас немав храброст да пробам.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-18.jpg

На колку години се оди во пензија во Јапонија и каков стил на живот водат пензионерите?

Овде во пензија се оди на 65 години, но голем дел од пензионерите продолжуваат да работат и после тоа.

Доста голем процент од постарите луѓе по пензионирањето работат како таксисти, рецепционери во поголемите згради, како одржувачи на градини итн.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-15.jpg

Животот во Јапонија е доста скап, па верувам дека поради тоа и тие продолжуваат да работат до моментот до кога се чувствуваат способни.

Но, има и доста од нив што престануваат да работат по пензионирањето, и тие се доста активни во секојдневниот живот, како на пример, во нашиот град доста од пензионерите играат тенис неколкупати во неделата, пешачат 2-3 часа на ден, возат велосипеди, планинарат итн.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-32.jpg

Најголемите предности на јапонскиот образовен систем се …

Од моја гледна точка, како странец кој живее во Јапонија, најголемите предности во јапонскиот образовен систем се јапонскиот јазик, одговорноста и манирите кои децата ги учат во училиште.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-31.jpg

Никој од нашето семејство нема посетено државно јапонско училиште, па затоа не би можела да набројам подетални предности во образовниот систем.

Но, мислам дека манирите и одговорностите што децата ги учат уште од рана возраст таму не можат да се споредат со ниту една друга држава во светот.

Ќерка ми посетува британско основно училиште овде, но таму го изучуваат и јапонскиот јазик, и се водат по скоро истите начини на учење за одговорности и манири како и во државните училишта.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-20.jpg

Возат ли автомобили или користат јавен превоз?

Поголемиот дел од луѓето користат јавен превоз, како што напоменав во претходното интервју јавниот превоз е доста развиен овде и затоа не сите поседуваат автомобил.

Доколку треба да одат на подолг пат, а немаат сопствен автомобил многу голем број од нив земаат рент а кар.

sanja-zhivee-vo-japonija-3-godini-mi-beshe-chudno-shto-parovite-se-sekogash-isto-oblecheni-mi-nedostigaat-piperkite-od-makedonija-45.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Денис Давитковски живее во Барселона: „Локалците постојано делат комплименти, но има кражби на секој... „Барселона е топла овој период од годината. Ми беше необично кога го гледав ките...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg