Даниела од Скопје, живее во Дубаи со семејството 3 години: „Не го заклучуваме станот, луксузот е на сите страни“

„Мислам дека овде ниту најштедливиот човек на светот нема да успее да заштеди. Секогаш има нешто ново - дали храна, дали технологија дали некоја нова плажа или ресторан, едноставно Дубаи е машинерија за собирање пари. Ние бевме договорени дека ќе останеме отприлика 20-тина дена на одмор во Дубаи, но како се приближуваше денот за враќање решававме да продолжиме и се вљубивме во местото, па останавме“, споделува Даниела (34) од Скопје за CRNOBELO.com, која со сопругот и двете деца веќе 3 години живее во Дубаи.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-01.jpg

Даниела (34) од Скопје, е дипломиран новинар и поранешна водителка на емисиите „Автомагазин“ и „Во недела Попладне“ на која хоби ѝ е работата како модел и досега има снимено неколку рекламни кампањи како за македонски компании, така и за компании во Дубаи, каде што моментално живее со семејството.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-05.jpeg

Најголем успех досега таму вели дека ѝ е ревија на скапоцен накит во највисоката зграда на светот Бурџ Халифа, после која ја имало во сите арапски медиуми.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-27.jpeg

Во Дубаи со сопругот живее веќе 3 години.

Како го избрале ова место за живеење, но и како изгледа животот таму, Даниела споделува за CRNOBELO.com:

Како избравте токму Дубаи да ви биде место за живеење?

За време на корона пандемијата единствен избор да се отиде на патување надвор од Македонија беше Дубаи и Египет, па поради безбедносни причини сопругот го избра Дубаи како подобра дестинација за одмор со деца.

Бевме договорени дека ќе останеме отприлика 20-тина дена, но како се приближуваше денот за враќање решававме да продолжиме, па прво беше уште 7, па уште 10 дена, за на крај да сфатиме дека сакаме да се преселиме таму и да пробаме како би ни изгледал животот во Дубаи.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-02.jpeg

Поголемиот син ни беше второ одделение, но поради короната учеше онлајн, а малиот поради короната не посетуваше градинка, па од тој аспект бевме слободни да живееме каде сакаме, потребно беше само да има интернет

Се разбира интернетот беше исто така неопходен и за нашата работа, бидејќи двајцата работиме онлајн.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-04.jpg

Зошто ти се допадна Дубаи уште на првото стапнување таму и кога беше тоа?

Уште пред 15 години кога првпат дојдовме во Дубаи бевме воодушевени и маѓепсани бидејќи сè беше уредено беспрекорно, насекаде беше чисто, ги имаше најубавите згради во светот и што уште не.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-11.jpg

Во Дубаи сè свети од луксуз и раскош, но истовремено се чува и негува и традиционалниот стар дел од градот, кој потсетува на бајките со Аладин и кој можеби беше мојата љубов на прв поглед и замисла и надеж дека еден ден ќе се вратиме да живееме таму.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-03.jpeg

За нас Балканците воодушевувачки е и фактот колку е безбеден градов.

Пример становите мислам дека никој не ги заклучуваме кога излегуваме, кога ги зимам децата од училиште автомобилот не само што е отклучен, туку и климата во него работи.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-18.jpeg

Доколку изгубите нешто по улица, истото парче ќе го пронајдете и после неколку дена во делот изгубено-најдено во таа општина. Исто така доколку видите слободна маса во некој ресторан истата можете да ја зачувате со тоа што ќе го оставите вашиот мобилен телефон, торба или паричник на масата.

Кратко кажано – во Дубаи се чувствувате максимално безбедно во кое било време од денот или ноќта.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-07.jpeg

Со самото тоа, да се растат и школуваат деца во една толку доброорганизирана и безбедна земја е вистински благослов, иако тоа е можеби и најскапата ставка за живот во Дубаи.

Искрено, доколку правиме споредба со Македонија - Дубаи е апсолутно скап град особено за фамилија и сите трошкови, кои се неопходни за истата.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-09.jpeg

Мислам дека овде ниту најштедливиот човек на светот нема да успее да заштеди. Секогаш има нешто ново - дали храна, дали технологија дали некоја нова плажа или ресторан, едноставно Дубаи е машинерија за собирање пари.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-17.jpeg

Животот тука генерално е луксуз, безбедноста на ниво како во ниту една друга земја, има чист воздух, сонце 365 дена во годината, чиста околина, гостопримлив народ од сите националности и верски припадности, без никакви националистички, расистички или политички предрасуди се само дел од поволностите кои им се нудат подеднакво на сите кои престојуваат, живеат или го посетуваат Дубаи.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-24.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg