Даниела од Скопје, живее во Дубаи со семејството 3 години: „Не го заклучуваме станот, луксузот е на сите страни“

Какви се локалците кога станува збор за пријателствата?

Сопругот редовно игра тенис со некои локалци, тоа му е хоби и воодушевен е од нивната култура манири и гостопримство.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-23.jpeg

И покрај тоа што редовно ги победува, немаат его или комплекс, туку напротив го возвишуваат неговиот успех и се радуваат за секоја негова победа, што не може да се каже за Французите овде.

На пример сум гледала меч во кој Французинот кога изгуби го искрши со раце рекетот и културно го фрли во корпата за отпадоци.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-26.jpeg

Пред да одиме во Дубаи што треба да знаеме?

Пред да одите во Дубаи треба да знаете дека Дубаи е можеби една од најлуксузните дестинации за одмор и поради тоа треба добро да се припреми соодветен буџет, бидејќи овде секоја влезница за некоја екскурзија, посета на добра плажа, посета на некој ресторан или театар е нешто кое чини од 100 евра нагоре и тоа најчесто без ништо вклучено.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-10.jpeg

Во маркет цените се за трипати поголеми од Македонија, но услугата и квалитетот на тоа што го добивате е исто така неспоредливо подобро.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-16.jpeg

Најголема маана според мене, а што ќе ги разочара особено припадничките на понежниот пол е дека Дубаи воопшто не е добро место за шопинг. Цените се за дури 30% повисоки од каде било во светот, но затоа пак можат да се најдат и парчиња гардероба кои и ги нема на ниедно друго место во светот.

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-33.jpeg

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-30.jpeg

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-29.jpeg

daniela-od-skopje-3-godini-zhivee-vo-dubai-so-semejstvoto-ne-go-zakluchuvame-stanot-nitu-avtomobilot-luksuzot-e-na-site-strani-25.jpeg

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg