Никола Атанасов: „Јас сум фриленсер, со другари се преселив на Бали, работам од плажа на зајдисонце“

Лошите страни на животот таму се...

Хигиената не е на завидно ниво, особено на потегот од Убуд до Кута, каде што се стационирани најголемиот број на туристи, па затоа бираме области каде што е помирно и нема толку гужва.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-06.jpg

Сообраќајот е доста хаотичен, но со оглед на тоа што како превозно средство користиме мотоцикл, гужвата не е толку голем проблем.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-08.jpg

Запозна ли други Македонци?

Сѐ уште не сме сретнале, воопшто ниту еден Балканец. Освен во првото сместување во Керобокан. Таму до нас имаше грчки ресторан и сопственикот кој долго живее тука е од Грција.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-14.jpg

Зошто Бали е уникатен остров?

Бали е уникатен остров прво поради тоа што се наоѓа во најголемата муслиманска држава Индонезија, но најголемиот дел од локалното население практикува хинду религија.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-18.jpg

Во многуте храмови има исцелители што помагаат на луѓе со најразлични проблеми, кои веруваат во натприродни сили.

Во јужниот дел на Бали, областа Улувату, како и островот Нуса Пенида се наоѓаат тиркизно-сините океански плажи, но често има огромни бранови од 4-5 метри кои се совршени за најдобрите сурфери во светски рамки.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-29.jpg

Покрај прекрасните плажи и магични храмови, Бали има буквално секаков вид на природна убавина. Прекрасни планински области со бујно зеленило, живописни езера, прекрасни водопади, оризови полиња, цветни градини, многу реки и тајни кањони го сочинуваат пејзажот на островот.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-15.jpg

Храната е одлична и доста разновидна. Освен локалната индонезиска кујна и познатиот Наси Горенг, најзастапени се кујните од околните азиски држави: Тајланд, Виетнам, Индија, Кина, Јапонија, но често се наоѓа и австралиско телешко/говедско, како и најпознатите европски кујни – италијанска, шпанска, француска и грчка.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-07.jpg

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-40.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Фотографот Badstef летуваше на Миконос: „Џин тоник е од 25€ нагоре, а најевтина лежалка на плажа е 6... „Сместувањето за 5 дена може да чини од 700 до 30.000 евра од личност. Има ресто...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg