Никола Атанасов: „Јас сум фриленсер, со другари се преселив на Бали, работам од плажа на зајдисонце“

Долови ни ја атмосферата за живот од таму... Какви се локалците, сиромаштија ли е, како се забавуваат?

Локалците пред сè, за разлика од Европејците, се многу фини, топли и културни. Отворени кон нови култури и религии.

Сиромаштија има, иако на Бали би рекол многу помалку од другите делови на Индонезија поради големиот број на туристи од странство, но и фриленсери кои имаат значителен удел во економијата.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-13.jpg

Забавите се доста европски, има одлична диџеј сцена, многу познати, но и андерграунд имиња од најпознатите светски сцени како Холандија, Германија, Англија итн.

Локалците ни кажуваа дека азискиот ноќен живот е доста поинаков од тоа на што ние сме навикнати, но сè уште не сме го истражиле.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-38.jpg

Каков е стандардот на живот? Кажи ни некоја цена оттаму...

Стандардот и цените се во просек многу слични како кај нас во Скопје. Уличните ресторани се доста поевтини и може да се најде оброк за помалку од 1 долар, додека поексклузивните ресторани имаат 2 до 3 пати повисоки цени отколку рестораните кај нас.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-34.jpg

За алкохол има додатен данок затоа што е муслиманска држава, па цената се движи од 2 до 5 долари во просек за пијалак. Кафе чини од 1 до 3 долари.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-33.jpg

Имаше ли некој непријатен миг таму?

Засега немавме таков момент, освен шокираност од непријатните големини на тропските животни.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-12.jpg

Кое ти е омиленото место таму?

Улувату и Нуса Пенида ми се омилените места, со најубавите тиркизни плажи, но во исто време се доста опасни затоа што има често големи бранови и карпи.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-35.jpg

Какви се локалците кога станува збор за пријателствата? Си одите ли со пријатели оттаму по гости дома?

Локалците се пријатен и многу топол народ, немаат проблем да поканат странец во нивниот дом.

Имајќи предвид дека повеќето индонезиски семејства се многудетни, па фамилијарните дружби (прослави, родендени) изгледаат многу поразлично отколку кај нас. 

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-17.jpg

Пред да одиме на Бали што треба да знаеме?

ВИЗА! Мора да се извади онлајн пред тргнување, но не може во конзулат или амбасада, мора таа процедура да оди преку локална агенција.

Имаше случаи каде што Македонци добиле погрешна информација дека може да извадат виза на аеродром при пристигнување и беа вратени.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-28.jpg

Многу битно е туристите тука да не ни помислат на дрога, затоа што често се случува локалните власти и да егзекутираат некого ако е фатен и со најминимална количина.

nikola-atanasov-jas-sum-frilenser-so-drugari-se-preseliv-na-bali-rabotam-od-plazha-na-zajdisonce-03.jpg

Би се вратил ли да живееш во Македонија некогаш?

Да, не ми е првпат да живеам во странство. Студирав во Италија и потоа се вратив дома, веројатно тоа ќе се случи и овој пат.

Повеќе фотографии на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Фотографот Badstef летуваше на Миконос: „Џин тоник е од 25€ нагоре, а најевтина лежалка на плажа е 6... „Сместувањето за 5 дена може да чини од 700 до 30.000 евра од личност. Има ресто...
Стефан Димитриевски, патувачки фотограф: „На Шар Планина го фотографирав најубавото изгрејсонце“ Стефан Димитриевски е од оние млади луѓе кој не оди никаде без својот фотоапарат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg