Небојша од Тетово, планински велосипедист: „Сите македонски села на високо се прекрасни, кацигата е најважна опрема“
Во какви незгодни ситуации се имаш најдено до сега?
Како и секој спорт така и во овој се случуваат повреди, знае да боли кичма, колено…
Има и повреди од падови, имав пад каде набив некое ребро, па месец дена едвај станував од кревет, исто така имав и судир со автомобил дур имав спуст па завршив директно со главата во хаубата, но среќа ме спаси кацигата од посериозни повреди.
Каде ја наоѓаш мотивацијата често да возиш стотина километри?
Па не секогаш имам мотивација, во зимскиот период стварно е тешко да се најде мотивација особено кога времето надвор е ладно и облачно, но затоа кога времето е сончево мотивацијата ме наоѓа мене. Нема ништо поубаво од сончев ден поминат на велосипед…
Што носиш со тебе на турите?
Алатот како задолжително нешто што мора да се има на секоја тура, шишенце со вода било мала или голема тура, водата е многу битна, а исто така и без благо не се поаѓа на тура особено не во планина.
Убаво е да се има во ранецот по некој чоколаден бар, а доколку турата е целодневна тогаш знае да се најде и некој сендвич во ранецот.
На кои натпревари имаш учествувано до сега?
Не учествувам по натпревари, повеќе си возам од хоби но имам учествувано на ПРВ до Врв во Скопје и АЗОТ тоа е велосипедски настан што се организира секоја година во Велес (Богомила).
Што би ги советувал оние кои допрва сакаат да почнат да се занимаваат со планински велосипедизам?
Нека не го губат времето пред компјутери и по кафиња, нека вложуваат во себе и своето здравје. Времето поминато во природа позитивно влијае на ослободување од стресот и штом еднаш ќе направите тура во планина толку веќе сте заразени и едвај ќе ја чекате наредната тура.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Автор: Е. Х. | Црнобело