Небојша од Тетово, планински велосипедист: „Сите македонски села на високо се прекрасни, кацигата е најважна опрема“

„Природа, мир, чист воздух, кој не би посакал тоа? Планинскиот велосипедизам сам по себе си носи авантура, истражуваш нови места, уживаш во поглед додека се искачуваш... Од опремата најважна е кацигата, ова го кажувам од искуство. Сум паѓал, сум се судрил со автомобил и сум завршил на хауба, кацигата ме спасила. Исто така, без резервна гума и алат, вода и благо не се поаѓа на велосипедска тура“ - раскажува за CRNOBELO.com Небојша Никлевски од Тетово. 

BeFunky collage 1 copy copy copy copy

Небојша Никлевски од Тетово е љубител на природата, планините и планинскиот велосипедизам.

Пред да ја открие љубовта кон велосипедизмот, неговото хоби бил фудбалот, но кога го купил првиот велосипед многу работи му се смениле во животот.

Во продолжение Небојша за CRNOBELO.com раскажува за неговите велосипедски патешествија низ Македонија...

Од кога започна да се занимаваш со планинарски велосипедизам?

Некаде крај на мај 2019 година беше кога започна авантурата со велосипедот. Тогаш решив да го купам првиот планински велосипед кој го набавив за рекреација и кратки релации, но набрзо ми стана секојдневна навика без која не се може.

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 20 copy

Со години беше посветен на фудбалот, но реши тој спорт да го оставиш зад себе. Зошто се одлучи токму за планински велосипедизам?

Природа, мир, чист воздух, кој не би посакал тоа? Планинскиот велосипедизам сам по себе си носи авантура, истражуваш нови места, некогаш на полесен некогаш на потежок начин, секој поминат метар е нешто ново, ново искуство, нови патеки…

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 2

Кои рути најчесто ги возиш?

Најчесто кога сум сам возам до селото Сетоле, тоа е на 11 км од Тетово близу 1000 мнв., кратка релација но доста комплексна и со прекрасен поглед.

Кога ќе го видиш погледот кон градот се заборава на патот што си го поминал.

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 5

Од толку многу посетени села, кои ти се најубавите?

Сите села си имаат свои убавини, најубави ми е оние планинските и со отворен поглед… Дур се искачуваш уживаш во погледот.

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 3

Кои се главните грешки што почетниците најчесто ги прават?

Пред сè мора да се има технички исправен велосипед, не е само качи се и вози, пред секоја тура мора да се провери велосипедот. Од опремата најважна е кацигата, ова го кажувам од искуство. Исто така без резервна гума и алат не се поаѓа на пат…

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 6

Места со најубав поглед?

Што повисоко тоа поубав поглед. Титов Врв, Лешница, Љуботен, Гургурница…

nebojsha niklevski planinskiot velosipedizam sam po sebe si e nova avantura a planinskite sela so otvoren pogled mi se omileni 7

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg