Вера Калин: „Куба е неверојатно доживување - кабриолети, коктели за 100 денари, но немаштијата ѕирка од домовите“

Какви се цените за туристи?

Евтино е, но и не е.

Прво, во секој државен хотел, ресторан е многу евтино. Очекувајте да платите 100-тина денари за коктел.

Но по државните ресторани, немаат многу зачини и избор на храна, и иако евтина, веројатно ќе бирате да јадете во некои од неколкуте приватни ресторани. Цените во нив се горе долу колку Скопје.

За сè друго ќе треба да се ценкате. Првото возење со такси нè чинеше околу 20-тина евра, за истата далечина кога научивме како функционираат нештата плаќавме околу 7-8 евра.

Но она што го мислев со „евтино е но и не е" , најмногу се врзува со тоа што се опуштате, бидејќи во моментот сè ви изгледа евтино. Нема да испиете два, три коктели како што би испиле некаде во Европа, ќе испиете 10.

Давате бакшиш секаде, не само каде што седнувате, туку и на улични музичари, перформери, возачот во автобус, и слично.

Секако дека може да ограничите колку трошите. Може да поминете со 200-400 евра од човек за 7-8 дена, без факултативните излети. Било што над тоа би било тотално расфрлање.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 9

Според тебе кои ти беа најдобрите плажи што ги посети за време на патувањето?

Посетивме само 2, Playa del Este и Варадеро, двете беа супер, но јас не отидов во Куба првенствено за плажа секако.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 11

Успеа ли барем на кратко да продреш во животот и навиките на локалците?

Успеав нешто да дознам и видам, колку што можев, но толку е сè различно што би ми требало мноооогу подолго време за да навистина ги разберам нивните навики и начин на живот.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 12

Најде ли автентични кубански пури?

Донесовме три вида пури, едни од Вињалес, направени од самото семејство кое ми покажуваше како се прават пурите, едни кои државата им ги дава на Кубанците (можат да ги земат со нивните тефтерчиња/бонови) и ширум познатите coiba.

Според мене најавтентични се оние кои ги пуши просечен Кубанец.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 16

Со какви сувенири се врати во Македонија од Куба?

Секакви „тракатанци", ова е место од каде донесов најмногу сувенири. За дома си купив пури, кубанско кафе, статуетка од дрво и ударалки од некое сушено, преработено овошје.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 13

Како за крај, што ги би советувала луѓето што сакаат да ја посетата Куба?

Да бидат отворени и да не тргнуваат со никакви очекувања. Плажите се убави, но Куба е многу повеќе од плажа - дозволете ѝ сама да ви ги открие сите нејзини слоеви.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 3

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 14

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Автор:

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg