Вера Калин: „Куба е неверојатно доживување - кабриолети, коктели за 100 денари, но немаштијата ѕирка од домовите“

„Мислев дека претходно сум доживеала културен шок - но ова беше друго ниво. Не знаев што да очекувам, и мислам дека очекував сè освен она што го доживеав. Помина извесен период откако се вратив, а јас сè уште не можам да ги преточам нашите доживувања во зборови“, споделува Вера Калин од Скопје за CRNOBELO.com за нејзиното патување во Куба.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 6

Вера Калин (28) од Скопје е писател и автор на романот „Бездомникот со златен часовник“, а работи и во маркетинг сектор.

Неодамна Вера беше на патување во Куба.

Таа за CRNOBELO.com ги споделува нејзините впечатоци:

Колку долго сакаше да ја посетиш Куба?

Искрено, не би можела да одредам конкретна точка кога посакав да ја видам, јас сакам да го видам светот, Куба отсекогаш била на мојата листа на места каде сакам некогаш да отидам.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 2

Што најмногу те привлече за да заминеш на ова патување?

Сакав да одам на егзотична дестинација каде можам да доживеам нешто повеќе од само убави плажи, некако природно изборот падна на Куба.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 1

Со што прво се соочи откако слета на аеродромот во Хавана?

Леплив, влажен воздух, палми, и возила од 60-тите. Си реков: па и не изгледа дека се толку сиромашни (претходно имавме направено некакви истражувања).

Аеродромот и првите впечатоци никако не ме подготвија за седмицата која следуваше.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 4

Со какви очекувања тргна на патувањето, а што всушност те пречека во Куба?

Мислев дека претходно сум доживеала културен шок - но ова беше друго ниво. Не знаев што да очекувам, и мислам дека очекував сè освен она што го доживеав.

Помина извесен период откако се вратив, а јас сè уште не можам да ги преточам нашите доживувања во зборови.

Од начинот на којшто функционираат нештата (сè се одвива на улица, на црниот пазар), до минималните примања на луѓето (20тина, 30 евра месечна плата), до безбедноста која не сум ја почувствувала на ниедно друго место како турист досега (и покрај немаштијата која владее), до неверојатните предели и доживувања кои се во целосна спротивност на секојдневниот начин на живот, секој ден, секое ново место, не престануваше да ме изненадува.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 7

Како изгледаше маршрутата на патувањето?

Бевме сместени во стара Хавана, во casa particularеs. Тоа се приватни сместувачки капацитети во срцето на Хавана. Меѓу хотел и автентично сместување, секогаш сум за автентично сместување така што тоа ни беше ептен погодено. Не сум all inclusive тип на човек (но дефинитивно ако некој е повеќе за ресорти, има и таква опција на Куба).

Првиот ден го поминавме низ стара Хавана. Морам да кажам дека првиот ден бевме многу изненадени, несигурни за тоа што следува, и дури и во еден момент се запрашав дали ќе ми се допадне. Иако на сликите не изгледа така, стара Хавана е навистина… стара.

Бидејќи луѓето се сите постојано на улица, со отворени врати,  можеш да им ѕирнеш дома. Она што го видовме беше одраз на целосна немаштија.

Веќе од следниот ден се навикнуваш на глетката и почнуваш да ги впиваш сите искуства.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 22

Бевме во куќата на Хемингвеј, пиевме сок од шеќерна трска и јадевме риба на плажата на 18-тина километри од Хавана

Во Вињалес, гледавме како се прават кубански пури, се возевме со бротче од едниот до другиот крај на една пештера, на пат за назад ги видовме најслабите кучиња и коњи кои некогаш сум ги видела, пиевме пиво од 50 пезоси (20 денари), среде никаде, до муралот на праисторијата.

Бевме на плажа во Варадеро.

Бевме во кабаре во познатиот хотел „Национал“.

Бевме на настап во Buena Vista Social Club.

Бевме во клуб/галерија (Fabrica Del Arte) и видовме спој на уметност и музика какви не сме виделе дотогаш.

Непрестано се чудевме како е сè државно.

Пиевме daiquiry во floridita, до статуата на Хемингвеј.

Бевме во спомен куќата на Кастро.

Се ценкавме на секој чекор, најмногу за такси.

vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 8

Можеш ли да со локалците без да го познаваш шпанскиот јазик?

Би рекла дека можеш, „Where are you from" е главно прашање на секој чекор на улица пред да пробаат да ти понудат такси, пури, рум, и што ли уште не. Но ние кои сме растени во време на шпански серии - веќе по вториот ден почнавме да си копаме по сеќавањата и да се разбираме на (скршен) шпански.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 18

Кои знаменитости ти оставија најмногу впечаток?

Апсолутно сè. Не постои нешто што видов за кое сметам дека не беше добро поминато време.

 vera kalin za patuvanjeto vo kuba kuba e mnogu povekje od plaza dozvolete i sama da vi gi otkrie site nejzini sloevi 20

Имаше ли можност да присуствуваш на добра кубанска салса забава?

Излегувавме доста, од кабареа до клубови, Куба има што да понуди.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg