Никола Тефов, од Неготино се пресели во САД: „Во Њу Џерси има многу Македонци, на одмор одам на Флорида“

Што те нервира најмногу?

Па, ме нервира кога општината или/и државата недоволно посветува внимание на одредени населби. Има загрижувачки број на вакви населби скоро во секоја држава.

Таквите места се со многу поголема сиромаштија, криминал, дрога итн. Од страна кај луѓето, најмногу ме нервираат личности што не се доверливи и лојални. А за себе си се нервирам многу кога одложувам работи, и кога не давам се од себе и кога пропуштам можности.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-05.JPG

Што ти недостига најмногу од твоето Неготино? Колку често го посетуваш? Си довел ли некој пријател во САД?

Најмногу ми недостигаат другарите и роднини, но исто така и храната. Неготино има доста добри места за јадење.

Не сум го посетил Неготино па скоро 5 години, сега за сега немам планови. Една причина е бидејќи мојата фамилија живее во Англија и има поголеми шанси да ги посетам таму или тие мене овде.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-15.JPG

Друга причина е што сум премногу зафатен, сакам да ги постигнам главните цели што ги имам, па потоа дефинитивно би ја посетил Македонија. Размислувам како би можел да помогнам во креативниот оддел во нашата држава.

Исто така би сакал и да помогнам за македонските интереси, како на пример заштитувајќи ја историјата, јазикот и индентитетот на нашата преубава држава.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-16.JPG

Како ти изгледа еден работен ден таму? Колку имаш време за релаксација?

Сто проценти исполнет! Можам да кажам дека поголемиот дел од денот ми минува во работа. Во мојата компанија „Just Get Known“ изработуваме целосен маркетинг и бренд за бизниси од транспорт, медицински и музичкиот оддел.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-07.jpeg

После тоа одам на тренинг во теретана или свирам на некој инструмент или пак пишувам песна.

Работам шест дена во неделата, еден ден оставам за релаксација или прошетка. Ако не ми е исполнето времето се чувствувам како да губам време така што, секојпат ми е подобро кога имам работа и кога повеќето работи ми се испланирани, но сепак оставам време и за нешто спонтано.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-04.JPG

Колку се средени работите на поле здравство, јавен превоз итн.?

Па, на поле здравство можам да кажам дека е солидно и напредно сè додека имаш добро здраствено осигурување, без осигурување добивате најминимално покривање, па може да се каже и никакво.

Има медицински клиники каде што работат добротворно, но повеќето не се добри и се чека доста долго време.

За јавен превоз не можам многу да коментирам бидејќи ретко го имам користено, но изгледа дека е доброорганизирано, достапно во секое време и можат скоро сите да си го дозволат.

nikola-tefov-od-negotino-se-preseli-vo-sad-vo-nju-djersi-ima-mnogu-makedonci-na-odmor-odam-na-florida-22.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg