Дамјан (27) од Скопје работи како тениски тренер во Дубаи: „Се запознав со Федерер, пијачките во просек се 20 долари, а градот никогаш не спие“

„Дубаи се стреми да биде најфит град за неколку години, но тука менталитетот е склон кон комоција и натпреварувачката атмосфера е многу слаба. Во однос на скапиот живот, со киријата, која е околу 1000$ за просечна еднокреветна соба, зависно од локацијата, во најголем дел од зградите ви следи и теретана, базен, 24/7 обезбедување, паркинг“ - открива Дамјан за CRNOBELO.com и зборува за својата професија како тренер во Дубаи, но и за животот таму. 

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-01.jpg

Дамјан Домазетовски (27) од Скопје, работи како тениски тренер во хотел Park Hyatt во Дубаи, а во Македонија се враќа само во летните месеци. 

За CRNOBELO.com тој открива какви се луѓето во Дубаи кога станува збор за спортот, колку се спремни да платат, но и колку се со натпреварувачки дух во споредба со Македонците. 

Освен за својата професија, тој зборува и за животот во Дубаи, колку е скап и луксузен град и што најмногу му се допаѓа. 

Дамјан за CRNOBELO.com открива повеќе детали за работата и животот во Дубаи, во продолжение...

Од кога се занимаваш со тенис и зошто токму овој спорт?

Со тенис се занимавам од 7 години, некои 15 години професионално и веќе 5 како тренер.

А спортот го одбрав некако случајно, еднаш додека фамилијарен пријател имаше тренинг јас сакав да пробам, но тренерот на тој час не ми дозволи бидејќи не сум имал платено.

Па така налутен отидов одма кај татко ми и го замолив да се запишам, но на друга локација секако… 

После тоа излезе и дека имам талент за спортот и многу го засакав па супер испадна.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-08.jpeg

Која е причината заради која замина во Дубаи и што точно и каде работиш таму? 

Дубаи ми беше понуден од компанијата за којашто работам моментално, PBI или Peter Burwash International која е најголемата тенис-менаџмент компанија во светот.

Во кратки црти ги менаџираат терените на голем број луксузни хотели и клубови околу светот, организирање на програма, маркетинг, давање часови, организирање настани и турнири и останатите дејности околу тенискиот дел на локацијата.

Претходно бев во Малезија за новоотворениот One&Only Desaru Coast, а по завршувањето на мојот договор таму, ми понудија да дојдам во Дубаи за добро познатиот хотел Park Hyatt.

Не аплицирав за позицијата така да мислам дека не можам да кажам за колку е тешко да се добие работа од Македонија.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-09.jpeg

Колку време си таму, си доаѓаш ли во Македонија често?

Овде сум повеќе од година и ќе останам најмалце уште една, сезоната тука е од септември до јуни така што доаѓам во Македонија летно време за еден до два месеца.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-.jpeg

Од каде се луѓето кои ги тренираш? Има ли голем интерес и знаење за спортот таму?

Интерес има многу голем, тенисот тука е дефинитвно популарен како и ред други спортови. Дубаи се стреми да биде најфит град за неколку години и вложува голем труд да спортот биде промовиран и популарен.

А за луѓето што ги тренираме можам да кажам дека се буквално од целиот свет.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-21.jpeg

Колку е голема разликата во начинот на размислување на луѓето таму и во Македонија? 

Од аспект на талент, знаење па дури и дисциплина, морам да кажам дека во Македонија потенцијалот е поголем.

Тука менталитетот е склон кон комоција и натпреварувачката атмосфера е многу слаба. Играчите тука се најчесто од аматерски/рекреативен калибар, нема желба за жртва, личен влог, посветеност, нешта што се многу значајни за успех во овој спорт.

Во однос на спремност за плаќање, луѓето тука не се расфрлаат со пари но дефинитвно се поспремни да платат од луѓето во Македонија, претпоставувам економската ситуација си има голем удел тука.

Си запознал ли некоја позната личност (и која)? Какво е чувството?

За мене најмомент беше запознавањето со Роџер Федерер, имавме шанса да гостува неколкупати во нашиот клуб, па успеав да се запознаам и направам краток разговор.

Беше фантастично, он е мојот идол од кога започнав со тенис. Кога се сликавме, еден од моите колеги запримети дека си личиме, а Роџер културно се насмеа и потврди.

Беше исто како на сон.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-22.jpeg

Што најмногу ти се допаѓа во Дубаи, а го нема во Македонија?

Дубаи е многу организиран, сè е многу практично и како на копче. Си има ред и правилата важат за сите така, а е можеби најбезбедниот град во светот што е за мене голем плус.

Услугата е феноменална, дневно ќе слушнете 100 пати „You’re welcome sir“.

Но ако би издвоил што ми се допаѓа најмногу е тоа што секогаш има што да се прави, градот едноставно не спие и нуди бескрајни опции за како да си го поминете времето.

Како што често знаат да искоментираат резидентите, Дубаи е „Golden Bubble“.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-25.jpeg

А, што најмногу ти недостасува од Македонија таму?

Секогаш фамилијата и најблиските пријатели, па би рекол и чувството да си „дома“.

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg