Дамјан (27) од Скопје работи како тениски тренер во Дубаи: „Се запознав со Федерер, пијачките во просек се 20 долари, а градот никогаш не спие“

Како те прифаќаат таму како дојденец? Со кого најмногу се дружиш?

Со оглед на тоа што само 7% од населението се локалци, да си странец тука е најчеста работа. А со тоа и луѓето се многу отворени за дружење.

Имав среќа да по случајност се погодивме да дојдеме во Дубаи со поблиски мои пријатели од Македонија па и со нив се дружам најмногу.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-17.jpeg

Скап ли е животот? Направи ни некоја споредба со цените.

Иако се смета за скап град не би рекол дека е поскап од секоја голема европска и светска метропола, можеби и поевтин за одредени работи.

Цените во маркетите се малце поголеми од маркетите во Скопје и дури и со светската криза не се качија значително.

Скапи во Дубаи се пијачките кои се околу 20$ во просек и јадењето во угостителски објекти, иако пак би повторил ништо позначително скапо во однос на останатите светски метрополи.

Но мислам дека тука тоа што го добивате за парите што ги давате е многу повредно.

На пример, со киријата, која е околу 1000$ за просечна еднокреветна соба, зависно од локацијата, во најголем дел од зградите ви следи и теретана, базен, 24/7 обезбедување, паркинг.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-27.jpeg

Дали е лесно да се заработи таму за пристоен живот со оглед на тоа што се смета за скапо место? Што е луксуз, а што е нормално и просечно таму?

Лесно не е сигурно, конкуренцијата тука е многу силна, но работата и трудот дефинитивно се исплаќаат многу.

Атрактивната работа кај Дубаи е што дури и нормалното и просекот се исто така опкружени со луксуз и квалитетна услуга.

Притоа нема никаков персонален данок што е дополнителен бенефит.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-20.jpeg

Има ли добар ноќен живот? Како го поминуваш слободното време таму?

Ноќниот живот тука не запира, забава има во секое време и константно се отвараат нови локали/клубови/кафичи. Кога сум слободен пробувам да посетам различна локација секој пат, најчесто нов локал или знаменитост што сè уште не сум ја посетил.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-23.jpeg

Што ти е најчудно од животот таму? Има ли нешто што ти смета?

Можда како последица на тоа што е туристички град и најчесто луѓето живеат само неколку години тука, но односите меѓу луѓето тука се дефинитивно поладни, секој си е во свој свет на „бркање на сонот“, ама пак од друга страна и тоа ги прави многу поотворени за започнување дружба.

Да ми смета нешто и нема баш, можда целиот тој гламур и луксуз е пренагласен на моменти, ама не е тоа за големи поплаки.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-15.jpeg

Кои места се задолжителни за посета таму? Некој совет за тие што сакаат да го посетат Дубаи?

Секако сите познати знаменитости и области во Дубаи за кои нема да ви требаат повеќе од два три дена да ги посетите.

Исто така задолжителни се турите во пустината, препорачливо и шопинг во најголемиот шопинг центар во светот и ако буџетот тоа го дозволува да одите на ручек/вечера во еден од многуте елитни ресторани.

За младите кои се по забавата би препорачал да идете на еден од многуте „brunch“-ови секоја сабота кои се најпопуларните забави во Дубаи.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-05.jpeg

Би живеел ли засекогаш таму и зошто да/не? Кои ти се плановите за иднина?

Не знам дали засекогаш, но се надевам дека ќе бидам тука во наредните неколку години. Светот се менува константно а и моите планови исто така па би оставил на времето да покаже.

damjan-27-od-skopje-raboti-kako-teniski-trener-vo-dubai-se-zapoznav-so-rodjer-federer-tuka-pijachkite-vo-prosek-se-20-dolari-a-gradot-nikogash-ne-spie-16.jpeg

Повеќе фотки од Дамјан во Дубаи:

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg