Дамјан Гроздановски живее во Белгија: „Брисел е град кој вреди да се посети, но има вистински проблем со бездомниците и ѓубрето“

„Стандардот и квалитетот на живот во Белгија е многу подобар од Македонија, но и таму има несакани ситуации... Се случи телефонот да ми биде украден од џеб, а после 3 месеци телефонот се вклучи во Дакар, Сенегал и го снема засекогаш, а и на третина од луѓето кои ги знам во Брисел им имаат украдено или телефон или паричник или велоспед...“, вели Дамјан Гроздановски (28) од Скопје, на кој Белгија веќе една година му е дом, а го „запознавме“ како маратонецот во одело на Скопски маратон 2022.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-01.jpg

Дамјан Гроздановски (28) од Скопје е правник, кој во Брисел, Белгија, живее од октомври 2021, а јавноста го запозна како маратонецот во одело на Скопски маратон 2022.

Иако Брисел му е дом веќе една година, тој вели дека за него Македонија е многу подобро место на живеење во многу погледи, без разлика што стандардот и квалитетот на живот во Белгија е подобар.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-02.jpgфото: Горан Анастасовски

За животот во Белгија и што го одвело таму, Дамјан споделува за CRNOBELO.com:

Зошто токму Белгија? Од каде оваа идеја и каде живееш поточно?

Во Брисел се преселив на крајот на септември 2021 година, бидејќи бев избран за пракса во Европската комисија. Сам по себе Брисел не ми значеше многу, целта ми беше Европската комисија, а за околината бев сигурен дека ќе се снајдам и ќе се вклопам, бидејќи претходно имам живеено 2 години во Шведска, за време на мастер студиите.

Моментално живеам во центарот на Брисел, многу блиску до главниот плоштад, што, во главно, е убаво за другарите што ме посетуваат за викенд, бидејќи во близина има многу работи за разгледување, вафли за јадење и пиво за пиење.

Меѓутоа, за секојдневен живот е потребно повеќе од тоа, па често треба да отидам подалеку за до супермаркет, месарница, пазар, итн.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-16.jpg

На Скопски маратон 2022 привлече внимание затоа што трчаше во одело... Oд кога трчањето ти е хоби, низ кои држави си трчал маратони?

Првата трка на пет километри ја истрчав во 2010 година на Скопскиот маратон, само бидејќи наставникот по физичко имаше бесплатни бројчиња за учество. Веднаш ми се допадна настанот, атмосферата и луѓето, па така нареден чекор беше полумаратон кој го истрчав во 2014 година во Скопје.

Нареден (и најверојатно последен) чекор беше цел маратон, 42km, кој го истрчав во 2017 година во Скопје.

Инаку сум трчал полумаратони во Србија, Бугарија, Латвија, Шведска, Италија, Романија, Белгија и уште некои.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-21.jpg

Зошто ти се допадна Белгија уште на првото стапнување таму?

Кој рече дека ми се допадна, хаха! Прво, летот со кој бев за Брисел од Скопје, всушност слетува во Шарлероа (кој, меѓу другото, се смета за најгрдиот град во светот) ѝ е 60 километри од Брисел, што е 1 час со автобус.

Понатаму, првите 10 дена бев во каратин поради доаѓање од надвор од ЕУ за време на ковид, бев привремено сместен во евтин хостел, населбата беше нечиста и општо хаотична, морав да барам место за под кирија (и да се пазам од измами, нели), времето беше постојано облачно, не знаев воопшто никого тука, морав да завршам многу административни работи, бев запрепастен колку многу луѓе не зборуваат англиски, колку продавници не прифаќаат плаќање со картичка, итн...

Така што првиот впечаток не беше баш позитивен.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-07.jpg

Зошто Брисел е уникатно место? Долови ни ја атмосферата оттаму...

Уникатно место е дефинитивно поради луѓето кои живеат тука, а работат за некоја од меѓународните организации (ЕУ, НАТО, европски претставништва на Обединетите нации, Светската банка, Светската здравствена организација, Меѓународната организација на трудот, итн.).

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-13.jpg

Секако најбројни се вработените во институциите на ЕУ, кои буквално имаат свој балон (EU bubble) кој функционира паралелно и донекаде независно од „балонот” на локалните жители. Во оваа насока, дури по 4-5 месеци откако дојдов овде, се запознав со прав „локалец” кој живее во Брисел и работи работа која не е поврзана со ЕУ.

Ова од причина што „балоните” имаат различни места за собирање, пример европскиот балон редовно се собира во четврток навечер на плоштадот Луксембург (Place du Luxembourg), а локалците го избегнуваат тоа место (освен локалните крадци на мобилни).

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-10.jpg

Има ли многу бездомници и проблем со хигиената? Безбедно ли е навечер?

За жал, има многу бездомници, особено по железничките станици и низ центарот...

По полноќ, наоѓаат завет, ги поставуваат душеците и таму ја поминуваат ноќта.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-06.jpg

Проблемот со хигиената е друга работа. Системот за собирање ѓубре е еден од најлошите во Европа, бидејќи воопшто не постојат јавни контејнери за ѓубре, туку секоја улица има свои два дена во неделата кога ги остава вреќите со ѓубре буквално на тротоар и пред врата, а службите ги собираат околу 2-3 часот по полноќ.

Поради ова, ако ја погодите „правата” улица во „правото” време од денот и неделата, ќе имате незаборавно искуство.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-05.jpg

Каква е природата? Што те има воодушевено најмногу?

Природата не е нешто посебно, иако има големи шуми, замоци, езера, манастири, бањи и плажа на Северно Море.

Нешто што многу ми недостасува е височина, бидејќи во Скопје секоја недела одев на Водно (1.066м.н.в), а во цела Белгија највисокиот врв е 700 м.н.в.

Кога се преселив во Белгија, продолжив со традицијата на планинарење секоја недела и оформив и „група за планинарење“, која моментално има 300 членови, воглавно луѓе од Европската комисија.

За време на праксата организирав планинарење секоја недела, а откога почнав да работам еднаш месечно.

Во главно, планинарењето се сведува на 13-14km прошетка низ шума, а по пат има интересни мостови, замоци, манастири и секако дружба.

Искрено, кај нас имаме многу поимпресивна природа и во Белгија ништо ме нема воодушевено многу, но се трудам да го извлечам максимумот, па така највисокиот врв во Белгија го имам „освоено” неколку пати, и сам и со групата.

damjan-grozdanovski-najevtino-pivo-e-300-denari-a-brisel-e-eden-od-poneubavite-gradovi-vo-belgija-so-mnogu-bezdomnici-i-gjubre-18.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Вирџинија Ристеска за патувањето во Ерменија: „Храната е поевтина од кај нас, автобуска карта чини 1... „Ереван е мал и нема некои атракции како големите европски градови како Париз и ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg