Стефан Стојчевски: „За мене Порто е најубавиот град, а Португалците се луѓе кои живеат за добар провод“

Зошто секој човек барем еднаш во животот мора да го посети овој португалски град?

Градот остава впечаток дека на моменти си во Јужна Америка, можеби многубројните Бразилци што успеав да ги сретнам а дел и да ги запознам, ми ја пренесоа таа енергија и мене, каде што низ целиот град можеше да се почувствува преку нивната страст за музика во текот на денот и ноќта.

Тие живеат за добар провод, тоа ги задоволуваше повеќе, отколку кога ќе земат дневница. Понекогаш изгледаше како на овој град Бразилците да имаат направено колонизација на Португалците, а не обратно.

stefan stojcevski porto e romanticen grad so razdvizena energija so latino harizma i izbor za sekogo 6

По какви места трагаше во Порто заедно со твојот фотоапарат?

Тесни калдрмести улички, барови залепени до шаренолики згради, барањето на подобар хоризонт кон градот, бројните цркви со мурали и згради.

Како го доживеа Порто во неколку реченици?

Порто го доживеав како романтичен град со раздвижена енергија, има по нешто за секого, пријателски расположен, град којшто се наоѓа на европска територија, но со латино харизма. Секогаш има нешто да се прави и види.

stefan stojcevski porto e romanticen grad so razdvizena energija so latino harizma i izbor za sekogo 4

stefan stojcevski porto e romanticen grad so razdvizena energija so latino harizma i izbor za sekogo 13

stefan stojcevski porto e romanticen grad so razdvizena energija so latino harizma i izbor za sekogo 10

stefan stojcevski porto e romanticen grad so razdvizena energija so latino harizma i izbor za sekogo 7

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Автор: Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg