Александра од Куманово 12 години работи на брод: „Аферите помеѓу бродски екипаж постојат, но не како што сите замислуваат“

Кои се најголемите предизвици со кои се имаш соочено додека си на брод?

Еден од најголемите предизвици е секако фактот дека треба да го оставиш твојот „стар“ живот зад себе и да си ментално стабилен дека нема да си дома и дека нема да си присутен на поголемиот дел од поважните датуми за тебе и твоите најблиски.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-17.jpg

Сподели ни некое интересно или непријатно искуство со гости...

Сите „не толку пријатни“ моменти практикувам да ги заборавам, меѓу едно кое не би го заборавила:

Бев дел од шегата на еден клиент кој реши да ја запроси својата сакана со најгрдиот пластичен прстен пред сите гости, само за да ѝ ја снимиме фацата и реакцијата, додека вистинскиот веренички прстен беше во нејзината чаша со шампањ.

Навистина смело од негова страна, бидејќи подоцна самиот призна дека до последниот миг тој се плашел дека таа нема да му каже ДА.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-03.jpg

Велат дека има многу афери и авантури меѓу бродскиот екипаж. Колку тоа е вистинито?

Ги имам слушнато сите трачеви и приказни, но реалноста е дека од кога ќе стапнеме на брод до крајот на неколкумесечниот договор работиме премногу, многу често и по 16 часа на ден.

Им симнувам капа на сите кои имаат време за афери (хахаха). Јас само сакам да си легнам!

Шегата на страна, афери постоеле и ќе постојат насекаде, не гледам зошто тоа не би било случај и тука на брод, меѓутоа далеку од тие перверзии кои се пласираат по весниците и социјалните мрежи.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-12.jpg

А, дали постојат љубовни врски, какво е твоето искуство со врски на брод?

Нормално дека да. Љубовта е тоа што сите нè движи и им дава смисол на нештата. Многу е полесно да се најдеш во врска со некој што го има истиот начин на живот, каде што се разбирате и надолнувате еден со друг.

Сум била сведок на многу љубовни приказни кои завршиле со брак. Интересно е да се напомене фактот дека една од најголемите љубови кои ни се случуваат на брод не мора да се со интимен партнер, тука и со нашите сродни души во форма на добри пријатели кои остануваат во нашите срца засекогаш иако нашите домови се на различни краеви од светот.

Што е најтешко кога си далеку од дома?

Доколку си некој кој не знае да се избори на продуктивен начин со меланхолијата, многу работи работи знаат да бидат тешки и неподносливи, но најтешко е кога ти фалат фамилијата, пријателите, милениците, секојдневноста која тука е сосема различна...

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-11.jpg

Дали имаш искусено бура или невреме?

Да. Многу непријатно за секој со послаб стомак, но далеку од толку трагично бидејќи бродовите се огромни и стабилни и капетанот секогаш ја одбира најбезбедната рута благодарение на сателитите кои можат да го предвидат движењето на ураганите и тропските депресии.

Кој е твојот совет за оние кои сакаат да работат на брод?

Мојата мантра е „Stop wishing, start doing!“ (Престани да посакуваш, почни да дејствуваш).

Јас сум авантуриста, вљубена во животот и во сето она што светот има да ми го понуди.

Работата на брод е прекрасно искуство за животна кариера или да скратам, нема некој што дошол еднаш на брод и не се вратил пак.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-09.jpg

Колку и како влијаеше работата на брод на твојата личност и карактер?

Апсолутно ме изгради и надгради како личност и карактерно и професионално. Секојдневно на брод имаме шанси да научиме нешто ново, од професионални курсеви, до нови јазици и култури.

Раскажи за некоја авантура која ти се има случено на брод?

Авантура? Секој ден од животот на брод е авантура, некоја поважна од другите. Не можам нешто конкретно да издвојам, имам премногу прекрасно луди спомени!

Но, еве на последниот договор, во рамки на пандемијата, како една од новите мерки, не ни беше дозволено да одиме во бар или да имаме собиранки.

Сепак, моите пријатели ми направија инкогнито забава изнедување во кабина, бевме „малку“ погласни и попијани од дозволеното па за влакно се спасивме од отказ.

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-05.jpg

Повеќе фотки од Александра:

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-04.jpg

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-07.jpg

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-08.jpg

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-13.jpg

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-14.jpg

aleksandra-od-kumanovo-12-godini-raboti-na-brod-sekoj-den-od-zhivotot-na-brod-e-avantura-15.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело

Фото: приватна архива споделена за CRNOBELO.com



Би можело да ве интересира:

Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg