Филип Димовски го посетил Нов Зеланд 12 пати: „Има недогледни пасишта со овци, пештери со светлечки црви и непредвидливо време“

Кои се топ 5 места да се видат во Нов Зеланд?

Островот Ваихеке

Затворете ги очите и замислете си остров, десетици винарии со поглед и зајдисонце. Верувајте, изгледа многу поубаво, отколку што звучи.

Околу 40 минути со траект од Оукленд, се наоѓа островот на виното - Ваихеке. Дом на 30тина мали винарии кои произведуваат некои од најдобрите вина во Нов Зеланд.

Упатете се во некои од винските подруми за тестирање, или одморете и воодушевувајте се на прекрасните погледи, заедно со неверојатната храна во некои од многубројните вински ресторани и кафулиња. 

Националниот парк Фиордланд, Јужниот остров

Прогласен за светско наследство, националниот парк Фиордланд штити некои од најспектакуларните предели во земјата. Глечери го имаат извајано овој драматичен пејзаж, издлабувајки ги познатите фјордови Milford, Dusky и Doubtful Sounds. Тука можете да посетите  бројни острови, дождовни шуми, огромни езера и карпести планински врвови.

Не треба да ве изненади фактот што паркот е рај за планинарење, со некои од најдобрите патеки. Најлесен начин за истражување на фјордовите е со кајак.

Заливот на островите, Северниот остров

Околу три часа возење северно од Оукленд се наоѓа прекрасниот залив на островите, кој е една од најпопуларните дестинации за одмор во земјата. Повеќе од 144 острови го прекриваат блескавиот залив, што го прави ова место рај за пловење или одмарање на некоја јахта.

Во овие води живеат пингвини, делфини и китови, што го прави популарно место и за риболов. 

Роторуа, Северниот остров

Роторуа е еден од најактивните геотермални региони во светот. Ова е држава каде што земјата зборува... буквално! Базени од кал кои вријат, гејзери, вулкански кратери и термални извори зборуваат за силите кои допринеле и создале дел од драматичната топографија на Нов Зеланд.

Можете да прошетате низ овие геотермални чуда или да се релаксирате во некои од минералните извори додека посетувате различни атракции, со цел да научите нешто за богатата историја и култура на Маорите во регионот. За авантуристите, на понуда е скокање со падобран и планински велосипедизам. 

Оукленд, Северниот Остров

„Градот на едрата” е најголемиот град во Нов Зеланд. Плажите со црн песок, патеките за пешачење низ дождовните шуми, живописните заливи, острови и вулкани кои го опкружуваат градот, го прават совршена основа за дневни патувања и авантури.

За вистински да ја впиете неверојатната локација на Оукленд, треба да се качите на 328-метарската Sky Tower за спектакуларни погледи на градот и околината. 

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-16.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-29.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-27.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-20.jpeg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-17.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-27.jpeg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-14.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-12.jpg

filip-dimovski-go-posetil-nov-zeland-12-pati-ima-nedogledni-pasishta-so-ovci-peshteri-so-svetlechki-crvi-i-nepredvidlivo-vreme-04.jpg

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Симона Симионова | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg