Антоанела Филева патува низ светот: „Во Јапонија има автомати за бубачки, а тоалетите им се на сензор и мерат крвен притисок“

По што ќе ја помниш Јапонија? Какви навики имаат локалците? Што те воодушеви?

Јапонија е земја којашто се разликува од сите други земји што сум ги посетила. Ме воодушеви тоа што нивните улици се секогаш чисти, постојат автомати од кои може да се купи буквално сè - од храна, алкохол, супа, па , до бубачки кои се јадат, повеќето места работеа 24/7.

Носењето на заштитни маски беше сосема нормално кај нив уште пред да се појави Ковид19 вирусот и ми беше многу чудно, па разбрав дека ги носат маските девојките што сакаат да ги покриваат нивните лица кога немале време/не сакале да се нашминкаат или луѓе кои сакаат да покажат дека не им се комуницира премногу.

Исто така, ме изненадија нивните „паметни“ тоалети кои работат на сензор и може да направат сами анализа на крвен притисок, урина, масти и се доста тешки за учење како функционираат бидејќи сè беше напишано на јапонски јазик.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-21.jpg

Бразил е уникатна земја затоа што…

Бразилците не поминуваат ден без бразилско кафе и ден без фудбал. Во недела буквално сите следат фудбалски натпревари и јадат пица.

Мексико е совршенство на земјата затоа што…

Има бескрајно долги плажи, сино тиркизна вода од Карипско море и е одлично за уживање по цел ден на плажа.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-06.jpg

Во Данска не би живеела затоа што…

Во Данска не би живеела затоа што поголемиот дел од годината има облачни и студени денови. Преферирам места коишто се топли и има сонце.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-07.jpg

Највисоки цени сретна во…

Во Тулум во Мексико каде што еден таксист ни побара 120 долари за 5km релација.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-05.jpg

Колку Македонија е поврзана со авионски летови со светот? Најдолг лет досега?

Од Македонија сум патувала со авион само до блиски места околно и доста тешко наоѓам летови за далечни дестинации од Скопје. Обично за сите далечни дестинации како Мексико, Бразил и Јапонија летав од околни градови како Солун и Софија.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-08.jpg

Најлошата работа што ти се случила во странство?

Хмм, блокирање на кредитна картичка за викенд, среќа се сè среди на време.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-15.jpg

Најдобрата работа што ти се случила во странство?

Најдобра работа што ми се случила при патување во странство би кажала дека се пријателствата со одредени луѓе кои ги имам запознаено и коишто траат до ден денес. Нема нешто подобро од ширење на познанства со луѓе од други земји и запознавање на нивната култура и јазик.

antoanela-fileva-ima-poseteno-20-zemji-vo-japonija-ima-avtomati-za-bubachki-a-toaletite-im-se-na-senzor-i-merat-krven-pritisok-18.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...
Драган од Скопје за животот на Флорида: „Луѓето во Тампа се прељубезни, полицаец ми ја подари својат... „Луѓето на Флорида знаат да почнат разговор со вас иако не ве познаваат, да ве п...
Ивана и Ману патуваа низ Патагонија со велосипед: „Поминавме 2.460km за 2 месеца, носевме по 25kg ба... „Почнавме од Чиле. Сакав да се откажам уште од првиот ден“, раскажува Ивана од М...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...
Бранко Попоски патуваше низ Португалија: „Ме воодушеви Синтра, не смеете да пропуштите возење со жол... „Албуфеира, за мене, беше бисерот на југот. Многу ме потсети на наш Охрид и Варо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg