Владанка Крстевски за медениот месец во Мексико: „Ме шокираше влажноста на воздухот, а ме воодушевија луѓето“
Каков беше животинскиот, растителниот свет?
Магично, толку разновидно, толку живо. Имаше секакви животни, дури видовме и јагуар на пат, а растителниот свет е приказна за себе, не може да се објасни мора да се преживее, доживее и да се види.
Сретнавте ли некој Македонец?
Бевме група од 13 луѓе, па сите заедно некако го истражувавме Мексико, други Македонци не – ама сретнавме Хрватка која се преселила во едно мало селце Селфорино, отворила локално кафуле, продава кафе и живее на море.
Каков животен стил водат локалците?
Локалците се среќни луѓе. Немаат многу, но се исполнети и полни со живот. Имаат некоја магија во очите, некој жар, се гледа дека овие луѓе живеат од ден за ден, можат својот живот да го стават во качулка, а можат и да испијат шише текила – неверојатно жив народ.
Пред да оди некој во Мексико, треба да знае...
Само да ужива, на сѐ друго ќе го научи Мексико.
Повеќе фотографии од Мексико:
© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело