Сања Коцева: „Го посетив божиќниот пазар во Колмар - целиот град е како сцена од бајка“

Градот е составен од многубројни мали улички кои водат една во друга, а низ секоја од нив се крие различно украсена улица од претходната.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-12.jpg

Насекаде популарни беа украсувањата со огромни мечиња поставени на прозорците од зградите.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-10.jpg

Движејќи се низ градот и разгледувајќи стигнавме до еден доста познат дел наречен „Мала Венеција“. Сличноста со Венеција не е случајна бидејќи на средината се наоѓа голем канал, а двете страни од улицата се поврзани со повеќе мали мостови.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-04.jpg

Има организирано и тури за пловење низ каналот со украсени чамци и уживање во погледот на шарените, мали куќички што се наоѓаат од спротивната страна.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-13.jpg

За добро да го разгледаме Колмар ни беа потребни 3-4 часа.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-03.jpg

Прошетката ја завршивме во еден од многуте мали ресторани каде што можеа да се вкусат најразлични француски специјалитети.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-17.jpg

Новогодишниот базар во Колмар е еден во најпознатите во овој регион, па и покрај пандемијата изобилуваше со огромен број туристи.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-20.jpg

Целокупната новогодишна магија која ја нуди ова место е вредна за патот дотаму.“

Повеќе фотки на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg