Сања Коцева: „Го посетив божиќниот пазар во Колмар - целиот град е како сцена од бајка“

„Слетавме на аеродромот во Базел, Швајцарија, и оттаму се упативме кон Колмар, Франција. За разлика од другите новогодишни пазари, овде целиот град е претворен во пазар со тоа што и сите куќи во кои живеат локалците се украсени за да се вклопуваат во новогодишната атмосфера“, раскажува Сања Коцева (29) од Штип за CRNOBELO.com.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-01.jpg

Сања Коцева (29) од Штип, докторка по професија, е вистинска вљубеничка во патувањата.

Таа неодамна го посети божиќниот пазар во Колмар, Франција.

За CRNOBELO.com пренесува каква е атмосферата таму:

„Гледајќи ги сликите од Колмар, отсекогаш ме потсетувале на некоја бајка. Кога пристигнав таму се уверив дека тоа е навистина така.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-19.jpg

Колмар е мал град во Франција сместен блиску до границата со Германија и Швајцарија.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-02.jpg

Приказната за „Убавицата и ѕверот“ била инспирирана токму од овој град. Комбинацијата од уникатна француска градба и новогодишната атмосфера со украсување на секоја куќа и уличка, го прават Колмар една од најпознатите туристички дестинации за време на празниците.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-06.jpg

Новогодишниот базар почнува од 26-ти ноември и трае до 29-ти декември.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-05.jpg

Слетавме на аеродромот во Базел и оттаму се упативме кон Колмар. За разлика од другите новогодишни пазари, овде целиот град е претворен во пазар со тоа што и сите куќи во кои живеат локалците се украсени за да се вклопуваат во новогодишната атмосфера.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-22.jpg

Насекаде има тезги на кои се продаваа најразлични работи од украси до јадење и пиење.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-18.jpg

Најпознато е традициoналното греено француско вино кое се служи во уникатни, шарени чашки со знакот на Колмар, познатиот „ginger bread“, препознатливите германски переци и колбаси, како и најразлични слатки во облик на новогодишните симболи.

sanja-koceva-go-posetiv-bozhikjniot-pazar-vo-kolmar-celiot-grad-e-kako-scena-od-bajka-08.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ива од Битола за патувањето во Италија: „Во Фиренца има џепчии и измамници, Чинкве Тере беше љубов н... „За роденденот носев венче Happy birthday, па ми честитаа и непознати лица кои п...
Ана од Скопје живее на Малдиви: „Цените за локалците се различни, некаде е забрането да носите бикин... „Посетив 7 острови, од кои 2 беа луксузни хотели за туристи и 5 локални острови ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg