Даниела патува со камион со сопругот Дарко Влогс: „Бевме во Ново Мексико на Фестивал за балони - незаборавно искуство“
Во 7 часот почнаа да ја пеат химната на САД и го испратија во воздух и првиот балон со интересен облик.
Потоа наеднаш се најдовме помеѓу стотици видови на балони и беше доста нереално, шарено и возбудливо.
Јас, досега, пошарено небо немам видено.
Со оглед на тоа што бевме ограничени со време (неколку часа), бевме во можност да видиме само мал дел од цело тоа случување и доживување.
Верувајте ми дека е доживување.
Имаше можност и да леташ со балон меѓутоа сè беше резервирано од пред една година, па ја пропуштивме таа шанса, но во наредна можност сигурно би дошле пак и би останале минимум 3 дена за да се види буквално сè.
А Дарко нормално, на крајот од денот беше превозбуден затоа што првпат по толку години не спиеше на бензиска пумпа, како и по обичај, ме послуша да направиме една ваква необична авантура и еве веќе целиме кон наредната.“
Повеќе фотки од настанот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело