Даниела патува со камион со сопругот Дарко Влогс: „Бевме во Ново Мексико на Фестивал за балони - незаборавно искуство“

Истиот трае 9 дена (од 5 часот наутро до 9 навечер со над 500 видови на балони. Така што може да замислите колкава традиција е тоа.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-03.jpg

Секој ден е различен, со различни облици на балони (ликови од цртаните, филмови, животни, растенија итн.) различни забави за посетителите и различни активности.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-07.jpg

Има и денови за натпревари помеѓу тие што летаат со балоните, им се задаваат некакви предизвици и се борат за првата награда.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-04.jpg

Исто така, во склоп на сето ова поставени се и огромни шатори, каде што се продава буквално сè. Од продавници за облека, до храна, сувенири, украси од дрво (кои ги резбаат пред вас на лице место). 

Картата за влез е 15 долари (800 денари) на ден од човек, плус се наплаќа паркинг од 20 долари (1060 денари).

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-08.jpg

Предлог: НЕ влегувајте во паркингот со камион. Ние имавме среќа да стигнеме касно во ноќта претходниот ден, па немаше автомобили воопшто и можевме без проблем да се паркираме, но излегувањето не беше баш така едноставно.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-16.jpg

Првиот дел од програмата започна во 6 часот наутро каде започнаа со спремање и летање на 8 балони за да се провери ситуацијата со ветерот. 

Интересно беше затоа што сè уште не беше започнат денот, па правеа кореографија од огновите кои ги испуштаа за да се исправи балонот.

daniela-patuva-so-kamion-so-soprugot-darko-vlogs-bevme-vo-novo-meksiko-na-festival-za-baloni-nezaboravno-iskustvo-05.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg