Никица Ацева за престојот во Египет: „Пливав во најтиркизното море, Египќаните се напорни со нудењето услуги“
Каква е храната?
Храната позитивно ме изненади. Сè беше многу убаво спремено, но можеби презачинето. Како и целото патување во Египет, убаво е да се проба, но не и постојано да се консумира и повторува.
Какви се Египќаните со нудењето на услуги по улиците и плажите?
Прилично напорни. Веројатно сега вака кога ги разработив сите впечатоци и информации, тоа беше нешто што најмногу ми пречеше.
Корали, рипчиња... што те воодушеви најмногу од животинскиот свет таму?
Не можам да издвојам нешто што не беше убаво. Првпат нуркав и тоа беше најубавото искуство во вода што го имам доживеано. Со цело срце го препорачувам.
Би отишла ли повторно на одмор таму? Што би им порачала на тие кои допрва ќе одат?
Неколку најважни совети што би ги издвоила се: Најпрво да се поминат факултативите, бидејќи никогаш не знаеш што може да ти се случи во текот на престојот, а не сакаш да ги пропуштиш најатрактивните работи заради кои си дошол.
За да се избегне напорното нудење на услуги кои во поголемиот дел од времето се врзани со факултативите, најубаво е уште од првиот ден да им кажете дека сè ви е резервирано преку агенцијата од Скопје.
Доколку преферирате да одите на факултативи повеќе одошто да седите во хотел, не одбирајте прескап ресорт, бидејќи како и да е едвај ќе стигнете да го видите.
Екскурзиите резервирајте ги преку локални агенции бидејќи цените се двојно помали (Точни информации може да најдете на мојот Инстаграм профил во highlights, како и контакт од водичот кој го препорачувам).
Ресортите подалеку од градот, имаат почиста вода, така што ако ви е важна плажата и морето одете малку подалеку.
Повеќе фотки од престојот во Египет на Никица:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело