Никица Ацева за престојот во Египет: „Пливав во најтиркизното море, Египќаните се напорни со нудењето услуги“

Јаваше ли камили, ти беше ли страв? Како изгледаат турите?

Во склоп на сафари турата имаше јавање камили, но тоа беше само кратка прошетка од 2 минути и сè помина во најдобар ред, на подолго не би се нафатила.

Инаку факултативите се преубави и водичите максимално се трудат да ти угодат за што и да се работи. На пример каде и да одевме немавме многу време за сликање, но бидејќи јас не можев да си дозволам од било каде да се вратам без слика, секогаш наоѓаа начин да ми дадат 10 минути плус, секако за некое евро плус.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-09.jpeg

Во секој случај се многу услужливи и доста исцрпно ги покажуваат сите знаменитости за кои си дошол и кои сакаш да ги видиш. Од ниедна тура нема да се вратите разочарани.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-10.jpeg

Какво искуство беше возењето баги во пустина?

Спој на адреналин, возбуда, уживање и малку историја. Еден убав, исполнет ден во кој собираш многу нови искуства.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-12.jpeg

Конкретно возењето е интересниот и адреналинскиот дел, а потоа следеше еден убав одмор со традиционален чај и приказни за тоа како живеат Египќаните.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-14.jpeg

Посети ли некои од историските знаменитости?

За жал не. Поради несакани околности бевме принудени два пати да ја откажеме турата за најголемата атракција Каиро, но ни остана како причина да се вратиме пак и да ја заокружиме приказната со убав крај.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-05.jpeg

Од која земја имаше најмногу туристи во ресортите?

Во нашиот ресорт беа најмногу нивни домашни туристи, но општо видовме доста луѓе од Србија и Франција.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-06.jpeg

Какви се цените?

Немавме многу допирна точка со цени, бидејќи пак ќе кажам кога си затворен во еден ресорт не можеш многу да видиш и искусиш.

Целокупниот впечаток ми е дека цените беа пристојни, ништо прескапо, ништо преевтино.

nikica-aceva-za-prestojot-vo-egipet-plivav-vo-najtirkiznoto-more-egipkjanite-se-naporni-so-nudenjeto-uslugi-15.jpeg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg