Лаура за CRNOBELO.com: „Живеам во комбе во Австралија – ја сакам слободата, и покрај тоа што немам тоалет и се плашев да спијам“

Опиши ја твојата дневна рутина додека живееш во комбе?

Навистина сме подготвени за готвење во комбе со неколку пријатели, имаме дури и преносен блендер. Наутро вежбам, сурфам и практикувам јога. Во попладневните часови истражуваме, планинариме, пливаме, а некогаш само уживаме на плажа.

Кога врне или гледаме филм или играме карти во комбето. Секогаш се обидуваме да најдеме добро место за да гледаме зајдисонце, моменти на уживање со пиво и фотографирање.

Секој ден разговараме за тоа кој бил нашиот омилен дел од денот, на тој начин си кажуваме колку сме благодарни за секој поминат ден.

Најтешко е ноќе, кога треба да одлучиме каде ќе спиеме. Она што ме загрижува секогаш е да најдам добро место за паркирање и преспивање.

На улиците во Квинсланд е забрането. Понекогаш им раскажуваме на полицијаците дека ќе останеме само една ноќ, некогаш плаќаме да кампираме.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-09.jpg

Австралиските плажи се одлични за живот во комбе, но дали би можела да живееш вака во твојата родна Аргентина?

Аргентина е прекрасна за патување и кампување, но нема толку јавни објекти кои го олеснуваат животот на камперите како тука во Австралија.

Исто така, не би ризикувала да ги оставам сите мои работи во комбе и да одам на работа како што практикувам тука. И дефинитвно во Аргентина спиењето на улица или паркинг не е безбедно.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-10.jpg

Кој е најдобриот дел од живеењето во комбе?

Обожавам да се будам секој ден на различно место со прекрасен поглед на мојот двор.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-19.jpg

Дали е поевтино да се живее во комбе отколку да се плаќа кирија?

Дефинитвно, речеси и бесплатно ако се паркираш на улица или во кампови кои се бесплатни. Дури и да плаќаш за паркирање во камп или хостел пак е поевтино од кирија за стан.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno -14.jpg

Како реагираше твоето семејство и други пријатели кога им кажа дека ќе живееш во комбе? 

Моето семејство е навикнато на моите нетипични начини и места на живеење, секако дека се загрижени за моите авантури, но среќни што успеав да го остварам својот сон.

Фидбекот од луѓето генерално е позитивен и навистина интересен. Многумина се љубопитни и велат дека и тие би сакале барем еднаш во животот да пробаат да живеат во комбе.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-34.jpg

Дали си имала некое непријатно или опасно искуство додека живееш во комбе?

Не. Најнепријатно е кога комбето не работи добро. Одењето на автомеханичар за мене е кошмар. Грижата за механиката на комбето е многу важна бидејќи ако тоа е расипано, тогаш целиот дом е расипан.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-11.jpg

Кој е твојот совет за оние кои сакаат да почнат да живеат во комбе?

Сторете го тоа. И покрај малите непријатности слободатат е бесценета. Најдете го комбето кое е совршено за вас. Мене ми беа потребни неколку месеци да го најдам моето.

Посветете внимание на големината, староста и дизајнот на комбето. Уште подобро ако можете сами да го изградите ентериерот на комбето.

Ако не сте сигурни, тогаш изнајмете комбе на пократок период и ќе видите дека вреди да се будите со различен двор секој ден.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-12.jpg

Како го комбинираш животот во комбе со твојата уметничка душа?

Апаратот го носам каде и да одам, а неодамна почнав и да сликам. Откако се преселив во Австралија работев во туристичката индустрија и немав време за мојата уметност.

Но, посетувам уникатни и неверојатни места, создавам спомени и чувствувам дека е време да направам профил на социјалните мрежи и да ги споделам моите дела, и фотографии и слики.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-27.jpg

Какви се Австралијците како пријатели, шефови и партнери?

Генерално би рекла дека се пријателски настроени, лесни за комуницирање и боси. Нивниот однос кон животот е многу добро покажан во нивните изреки: Без грижи, со лесно и сè ќе биде добро.

Австралијците со кои јас се зближив се навистна дарежливи, луди и забавни. Сакам како сè прават да е толку лесно.

Од професионална гледна точка, тие се ефикасни и добро организирани, но понекогаш се мрзеливи, арогантни и неправедни.

Јас доаѓам од нација која е потопла, па Австралијците за мене се порезервирани.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-30.jpg

Имаш работено како фотограф на брод. Раскажи ми за тоа искуство и како тоа влијаеше на твојот живот?

Како што и ти знаеш, постои живот пред и по работењето на бродови. Животот на брод е многу интезивен.

Работев пет години, договори од седум месеци, далеку од семејството и користење на слаб интернет, без слободен ден, делење на мала кабина, во натпреварувачка средина и под притисок, а сето тоа ме направи многу посилна, поодговорна и попрецизна.

Од друга страна имав можност да видам прекрасни места, научив повеќе јазици, запознав пријатели од целиот свет и научив многу повеќе за другите култури и реалности, и секако заштедив пари во американски долари што значи многу за девојка од земја од третиот свет.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-46.jpg

Колку земји имаш посетено, која е твојата омилена и зошто?

Имам посетено над 50 земји. Имам неверојатни спомени од секое место што го имам посетено. Ја сакам поларната светлина во Исланд и зелените фјордови во Норвешка, топлите луѓе од Мартиник, ѕвездените ноќи во пустината Сахара во Мароко, грчките острови, прекрасните италијански гратчиња и плачев во домот на Фрида Кало во Мексико.

Но, има нешто во Бразил што ме прави да се чувствувам како дома. Тоа е првата држава што ја посетив и секогаш сакам да се вратам таму.

Ги сакам комуникативните Бразилци, карневалите, прекрасните плажи, Бразил е шарен, топол, пријателски и бучен, исто како мене.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-47.jpg

Која животна лекција ја научи додека работеше на брод?

Ќе изберам две од многуте што ги научив. Прво, ти си посилна отколку што мислиш дека си и второ, времето е бесценто, не го троши залудно.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-23.jpg

Рече дека имаш живеено во Рио, какво беше тоа искуство?

Се преселив во Рио бидејќи добив стипендија. И како многуте грингос (странци) и јас решив да живеам во фавела бидејќи киријата беше поевтина.

Таму научив да танцувам самба, да пијам каипириња и да зборувам португалски. Во тоа време фавелите во јужниот дел од Рио не беа толку опасни како денеска, иако сиромаштијата и трговијата на дрога беа секојдневие.

Додека живеев во фавелата волонтирав како професор по фотографија бидејќи имав познавање. Рио ми го смени животот, отидов таму како студент по политички науки и си заминав со желба да бидам фотограф и да патувам.

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-28.jpg

Ти си модерен номад кој постојано менува места на живеење, како тоа влијае на тебе и твојот живот?

Морам многу лесно да се адаптирам на промени и постојано учам нови работи. Ја научив уметноста на разделби, бидејќи постојно се разделувам од нешто или некој, многу е тешко да се разделам од луѓе кои ми се драги.

Имам стекнато пријателства, се заљубено и секогаш е тешко да се збогувам, без разлика колку сум навикната на тоа. Најтешкиот дел од животот како номад се разделбите.

Повеќе фотографии од Лаура:

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-22.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-08.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-15.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-26.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-13.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-06.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-07.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-29.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-20.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-21.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-32.jpgargentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-31.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-33.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-35.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-36.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-45.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-38.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-41.jpg

 

 

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-42.jpg

argentinkata-laura-zivee-vo-kombe-vo-avstralija-sloboda-zajdisonca-i-prekrasni-plazi-no-i-zivot-bez-toalet-strav-za-spienje-i-tushiranje-na-otvoreno-44.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

И. Ј. | Црнобело

фото: приватна архива за CRNOBELO.com



Би можело да ве интересира:

Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg