Сања Коцева: „На Бали нема јавен превоз, а и 20 дена се малку за сѐ да се види – островот е рај“

Велат дека кога се оди на Бали најчесто се капеш во базени? Дали е навистина така и зошто?

Тоа е навистина така. Бидејќи Бали е остров кои излегува на Индискиот океан не е многу безбедно за капење поради опасниот морски свет и доста големите бранови.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-06.jpg

Најчесто имаше сурфери и поретко некои храбри туристи во океанот. На самите плажи има многу ресорти со таканаречени бесконечни базени (infinity pool) кои одаваат впечаток дека се едно со океанот кога се капете во нив.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-16.jpg

Дали Бали навистина е дестинација за совршен одмор?

Дефинитивно. Природните убавини, љубезните жители, вкусната храна, бањање во када со цветови, појадок на вода (floating breakfast), зајдисонцата на плажата покрај океанот, се само мал дел од работите поради кои Бали е совршена дестинација.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-09.jpg

Најдобрата страна на Бали е…

Природните убавини и прекрасната, скромна балинејска насмевка. Се разбира, и неверојатните пејзажи.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-18.jpg

Најлошата страна на Бали е…

Се сомневам дека воопшто постои такво нешто.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-20.jpg

Има ли нечистотија и сиромаштија во одредени квартови?

Настрана од луксузните хотели, на улиците на Бали може одблиску да се доживее духот на островот. Мали и стари куќички, улични тезги на кои доста често работеа цели семејства, чија облека не симболизираше богат живот.

Островската вода не е хигиенска, и за која било друга употреба освен санитарна препорачливо е да се користи флаширана вода.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-19.jpg

Како се движеше таму, кои места ги посети?

Пред да тргеме на патувањето, доста време истражував што сѐ треба да посетиме. Во Бали нема јавен превоз, па цело време користевме такси, но најголем дел од туристите користат и скутери.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-03.jpg

Ги посетивме традиционалните оризови полиња, старата кралска палата Tirta Gangga, островот Nusa Penida кој се наоѓа блиску до Бали, рајските порти на Lempuyang.

sanja-koceva-na-bali-nema-javen-prevoz-a-i-20-dena-se-malku-za-s-da-se-vidi-ostrovot-e-raj-21.jpg

Продолжува на следната страна...


Би можело да ве интересира:

Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Илина од Скопје беше на соло патување во Лисабон: „Застрашувачко е да си сама, но многу подобро се д... „Бев 3 недели во Канада, а оттаму, по 6-часовен лет стигнав во Лисабон. Првпат п...
„Бев на борба со бикови во Севиља, Малага ги има најубавите зајдисонца“: Боро од Скопје за посетата ... „Без разлика дали ги сакате или мразите, борбите со бикови во Шпанија се многу п...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Скопјанката Анамарија досега посетила 24 земји: „Бали ми е најубав, камила во Египет ми легна во ску... „Мојата љубов кон патувањето потекнува од баба ми Ботка, која како дете ме вовед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg