Ивана од Куманово за животот во Малта: „Влагата придонесува да изгубиш воздух, киријата за стан е околу 600 евра, но островот ме освојува“

Ако некогаш имате прилика да се запознаете со Ивана Младеновска (29) од Куманово ќе сфатите дека таа е девојка што обожава да патува и да практикува интензивни спортски активности. Веќе неколку години живее во Малта, а нејзината приказна со живот во странство датира од нејзините студентски денови.

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 17

На 19 години Ивана го напуштила родното Куманово и продолжила со студии во соседната Бугарија. За време на мастер студиите во сферата на финансии, финансиска контрола и сметководство, започнала да работи како фондов сметководител во една мала холандска фирма.

Поради тоа што можностите во Софија во нејзината област биле лимитирани, таа решила да направи нов чекор во животот. Државата во која планирала да продолжи требало да претставува баланс помеѓу развој на кариера и медитеранска клиmа. Па, како вљубеник во морето и сончевите денови, Ивана се одлучила за Малта.

„Првпат кога стапнав на островот, беше за време на летен одмор и бев освоена на прв поглед со архитектурата, зајдисонцата, сончевите прошетки по променадите, плажите, пријателско настроените луѓе и целиот laid back lifestyle која оваа држава ги нуди“, се присетува Ивана, која веќе 3 години живее на Малта.

Ивана работи во една од најдобрите фирми во нејзината сфера, напредува повеќе од очекуваното во кариерата за времето кое е таму и е мотивирана за уште повеќе успеси.

„Една од многуте работи кои ми се допаѓаат на Малта е што може да се релаксираш баш лесно, доволно е да отидеш покрај морето и сето она пред тебе е душевна терапија. Гледајќи го морето, слушајќи ги брановите, зајдисонцето е сосема доволна слика со која може секој да се опушти, заборави на стресот и да ужива“, споделува таа.

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 4

Како омилени места ги издвојува карпите Дингли, островот Комино, Златниот залив и Марсашлокк. За Комино вели дека е сестра-остров на Малта, со тиркизна боја на морето и прекрасни плажи.

Марсашлокк е рибарско село, со маркет за свежа риба и морски плодови, рибни ресторани и шарени чамчиња – лузу.

Според неа, локалците се пријателски настроени, секогаш подготвени да помогнат. На самиот почеток од животот на Малта, Ивана се соочила со интересни пречки кои успеала да ги надмине со помош на локалците. Јазикот никогаш не ѝ претставувал проблем, поради што англискиот е официјален заедно со малтешкиот.

„Да си Македонец на Малта, мислам дека нема посебна разлика искрено. Отсекогаш сум ги гледала луѓето индивидуално и зависно од нивниот карактер е и мојот став кон нив, а независно од тоа каде потекнуваат. Сигурно и затоа, сум опкружена со луѓе со сличен менталитет. Имам колеги и пријатели од секаде во светот и секогаш сум отворена за нови пријателства и запознавање на некоја нова култура и обичај“, раскажува Ивана.

На Малта не ѝ се допаѓа сообраќајниот метеж и тесните улици. Вели дека многу лесно може да се заглави во сообраќај поради целата инфраструктура на градот. Освен тоа, и влагата не е нејзин омилен фактор.

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 1

„За време на летото, има денови кога навистина е претопло и влагата придонесува уште повеќе да изгубиш воздух. Зимата, иако температурите не одат под нулата, обично е 7-8 степени најниска температура, сепак заради влагата имаш чувство дека коските ти се тресат! Ветерот исто игра голема улога, зимните денови може страшно да дува и тогаш спасот е само да бидеш дома и да не излегуваш. Но, никаде нема сè идеално, нели?“, надополнува Ивана.

За многу доселеници е вистински предизвик да најдат работа. Тие мора да имаат работна дозвола осигурена од страна на работодавецот. Поради новонастаната ситуација, како и насекаде низ светот, така и во Малта многу луѓе останале без работа. Од причина што локалите се затворени и голем број од печалбарите се вратиле во своите држави.

„Стандардот е висок. Посебно супермаркети и ресторани. Лебот и млеко чинат околу 1 евро, за 200 грама сирење ќе платиш 4 евра, а скапи се и овошје и зеленчукот. Едно јаболко чини 0,50 центи, а ако сакаш да купи 1 кг тоа ќе те чини 3 евра. Бидејќи Малта е остров и сè се увезува, очигледно е дека и цените ќе бидат поскапи. Киријата е исто така скапа. За еднособен стан од прилика излегува 600-700 евра, но сè зависи од локацијата“, дофрла Ивана.

Во поглед на сегашната ситуација со коронавирусот, Ивана вели дека Малта се справува релативно добро и стабилно, дека вакцинирањето оди со доста добра брзина.

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 3

„Нормално, моментално (во времето на правење на интервјуто во март 2021) локалите се затворени, за да се минимизира преносливоста на вирусот. Во слободното време ја истражуваме Малта допирајќи до нови места кои инаку можеби не би ги истражиле во нормални услови. Овој период чувствувам дека повеќе од било кога се поврзавме со природата и со восхит пронаоѓаме нови локации за сончева прошетка и релаксирање“, раскажува таа.

Живеејќи таму, Ивана се чувствува исполнето, среќно и задоволно со сето она што ја опкружува. Можностите за развој, климата, добриот баланс помеѓу работа-живот и самиот менталитет се дел од многуте позитивни работи таму.

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 2

„Македонија секогаш ќе биде моја најсакана држава и со мило срце се враќам да ги посетам нашите таму, но не би можела да замислам мојот животен пат да ме врати таму“, завршува Ивана.

Во наредниот период планира да ги надомести сите пропуштени патувања, посета на Македонија, едноставно да ужива во сите мали нешта кои пред короната ги земавме здраво за готово, а сега ги цениме повеќе од било кога. Нејзиното мото е: Live, laugh and always be yourself!

ivana mladenovska sakav da ziveam vo drzava kade mozev da napreduvam vo karierata no i da ima mediteranska klima i taka zavrsiv na malta 13

Автор: Е.Х. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg