Владо Јаневски живее во Австралија, а има посетено 60 земји: „Змија може да има и среде Сиднеј, на пајаците се навикнуваме брзо“

Пред пандемијата постојано патувавте од една до друга земја, од еден до друг континент. Колку често ја посетувате Македонија? И постои ли нешто без што не можете да го замислите доаѓањето во татковината?

Во нормални услови, пред пандемијава, во Македонија доаѓав секоја година. Секогаш имаше начин да се скршне од главната дестинација на пат по светов и извесно време да се помине во Македонија. И самата Македонија е одлична дестинација и се надевам дека во скоро време ќе ми биде главната цел и ќе посетам и некои помали места, не само поголемите градови.

Македонија не би можел да ја замислам без нејзиниот идентитет, без корените на мајчиниот јазик, без богатата и бурна историја. Се плашам дека некои од овие стожери во последно време се малку разнишани. Но верувам дека на крајот ќе превладее разумот и Македонија најпосле ќе може да заплови во помирни води. 

Австралија, Азија, Африка, Европа, Северна Америка... Сигурно имате посетено толку многу градови и села, што ни самиот не се сеќавате на сите места. Кои твои доживувања ги прераскажувате со големо задоволство?

Целиот свет е убав и треба да се патува. Има толку многу случки за раскажување. Со големо задоволство ги прераскажувам доживувањата од престојувањето во Рим, Париз, Лондон, Мадрид, Виена, каде сум бил повеќепати.

Пловењето по Нил и влегувањето во пирамидите во Египет. Живописните савани и џунгли во Африка и блиските средби со  животните од тој фантастично убав свет. Пловењето на дофат од Нијагарините водопади и нивната заглушувачка бучава кога си само на неколку метри од високиот пад на водата. Одењето по должината на Кинескиот ѕид.

Искусувањето на животот како во кошница преполна со луѓе во Токио, каде и покрај големата населеност, сѐ функционира беспрекорно и е неверојатно чисто. Магичните пејзажи во Скандинавија и Арктикот.

Волшебноста на Менхетен, кој многупати сте го гледале на филм и кога сте таму ви се чини дека од некој агол во секој момент ќе се појави филмска ѕвезда и т.н.

vlado janevski pisatel i slikaj koj zivee vo avstralija znaejki deka nema da bide vecno na ovoj svet covekot se obiduva da najde mesto kade kje moze namira da zivee 19

Но, претпоставувам дека постојат и ситуации кои преферирате никогаш да не се случиле. Иако истите се дел од мозаикот на животот. Споделете некое и необично искуство од вашите патешествија?

Да чукнам во дрво, во текот на моите патувања досега не сум бил во ситуација која била особено опасна по мојот живот. Меѓутоа сум посетил места кои биле потресни и страшни и ме натерале да се запрашам до каде може да отиде човековата суровост.

На прво место би ја ставил посетата на Полињата на смртта во Камбоџа - место каде што животот го изгубиле милиони невини луѓе; потоа местата во Нормандија каде во клучните моменти од Втората светска војна имало масовни борби и изгубени се огромен број на човечки животи во краток временски период; посетата на палестинската страна од другата страна на ѕидот во Ерусалим каде напнатоста е голема додека одиш по улица и знаеш дека секој чекор ти е набљудуван од до заби наоружаните војници на ѕидот...

vlado janevski pisatel i slikaj koj zivee vo avstralija znaejki deka nema da bide vecno na ovoj svet covekot se obiduva da najde mesto kade kje moze namira da zivee 1

Со ова прашање ќе го завршиме разговорот, а ќе биде посветено на патувањето. По сите трагања на себеси, изминати илјадници километри, што е она што ви го има сменето животот и перцепцијата за светот, а и поимањето на себеси? 

Би рекол токму патувањето е она што ми го сменило животот (на подобро) и перцепцијата за светот и поимањето за мене. Патувањето им дава уште една димензија на нештата кога ќе се вратам назад во местото на постојано живеење.

Ми ги отвора очите, давајќи ми посебна можност да ги споредувам нештата каде што живеам со работите што сум ги посетил додека сум патувал – на тој начин можеш најдобро да осознаеш колку вреди она што го имаш и дали ти треба она што го немаш.

vlado janevski pisatel i slikaj koj zivee vo avstralija znaejki deka nema da bide vecno na ovoj svet covekot se obiduva da najde mesto kade kje moze namira da zivee 18

vlado janevski pisatel i slikaj koj zivee vo avstralija znaejki deka nema da bide vecno na ovoj svet covekot se obiduva da najde mesto kade kje moze namira da zivee 10

vlado janevski pisatel i slikaj koj zivee vo avstralija znaejki deka nema da bide vecno na ovoj svet covekot se obiduva da najde mesto kade kje moze namira da zivee 10

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg