Ниургујана, потекнува од најстуденото место на светот, а сега е во Македонија: „Температурата во декември е -50°C, пиеме вода од мразот“

Оваа 30-годишна девојка потекнува од мало зафрлено сибирско село во најстудената област на светот Јакутиа. Таа моментално престојува во Македонија и ексклузивно за CRNOBELO.com открива како изгледа животот во нејзиниот роден крај.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-01.jpg

Дали сте чуле досега за Јакутск, најстудениот град на светот? Ниургујана Осипова е 30-годишна девојка која потекнува од мало сибирско село кое се наоѓа во областа Јакутиа, на која главен град ѝ е токму Јакутск. Нејзиното село се вика Orosu и има население коe брои помалку од 1.000 жители.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-pieme-voda-od-mrazot--2.JPG

Таа периодов престојува во Македонија, а ние ја искористивме пригодата тaa за CRNOBELO.com ексклузивно да раскаже како изгледа животот во најстудениот град на светот, каде периодов температурите се околу -50°C. Инаку, вљубеник е во патувањата и во последните години живее низ разни држави во светот.

За тоа како стигнала во Македонија Ниургујана вели: „Искрено никогаш не планирав да патувам низ балканските земји, но поради ситуацијата со корона пандемијата Балканот испадна како најдобра опција. Но, навистина уживам во престојот тука, не очекував дека ќе видам толку убави места, ќе запознаам фини луѓе и ќе вкусам одлична храна“.

Ниургијана ни раскажува за начинот на живот во најстуденото место на светот, каде пораснала:

„Во Јакутиа има население од 964.000 жители. Прв јазик ми е јакутскиот јазик, а потоа учев руски јазик на училиште.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-02_1.jpg

При едно патување во Турција запознав доста луѓе оттаму кои знаат дека нивните предци биле од Јакутиа. Со турскиот јазик имаме многу заеднички зборови и слична граматика.   

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-04.jpg

Животот во Јакутиа е ист како секаде, но ние ги имаме најдолгите и најстудените зими и многу кратки лета. Зимата трае од почетокот на октомври до крајот на април.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-08.jpeg

Поголемиот дел од времето го минуваме дома, но не сопираме со дневните активности како одење на работа, на факултет, на кафе, во театар или на некоја забава, само училиштата и градинките имаат одредени граници под кои температури не се посетува настава.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-03.jpg

Потребно е само да носите многу облека.

Јас пораснав во малото село Orosu (областа Verkneviluyskiy) далеку од нашиот главен град Јакутск, а ако пораснете во село на Сибир ќе знаете како да работите напорно и ќе ја сакате работата.

Уште од детството ние знаеме како да ставиме дрва во оганот за да го загрееме домот, да донесеме мраз од езерото (вода која се пие во зима, додека водата од снегот не ја пиеме), да готвиме, да ловиме риби, да ловиме животни, да се грижиме за градината и фармата.

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-08.jpg

niurgujana-poteknuva-od-najstudenoto-mesto-na-svetot-a-sega-e-vo-makedonija-temperaturata-vo-dekemvri-e-50-c-jademe-konjsko-meso-07.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Антонио Димоски живее на Бали: „Луѓето се многу фини и добри, но сообраќајот е хаос“ Антонио Димоски од Охрид е фриленсер во областа на човечки ресурси и дигитален м...
Никола од Скопје живее во Кина: „Жените сакаат мажи од белата раса, а богатите не се фалат со парите... „Девојките сè уште ја негуваат „белата убавина“ и многу се заинте...
Тиана од Скопје за кампувањето во Струга: „Нема гужва, а будењето со птици во природа е уникатно иск... „Струга ја сакам бидејќи е многу помирна од Охрид, особено во летниот период ког...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Вирџинија Ристеска за патувањето во Ерменија: „Храната е поевтина од кај нас, автобуска карта чини 1... „Ереван е мал и нема некои атракции како големите европски градови како Париз и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg