Драгана Стефаноска живее во Шведска: „Дојдов како бебиситерка, тука добив два сина, но државата веќе не е како порано“

Што од начинот на живот најмногу ви се допаѓа таму, а што најмалку?

Најмногу ми се допаѓа што има добар стандард за нормален живот и секој си ја гледа својата работа.

Најмногу ми недостига, нормално, социјалниот живот од Македонија и токму тоа најмногу ме влече таму.

Тука нема социјален живот, тука темпото е работа, дома, вежбање, одмор. Среќна сум што мајка ми е тука.

Инаку, ми се допаѓа што економијата е стабилна, има високи плати и добри социјални придобивки, што овоможува квалитетен живот.

Исто така, има бесплатно образование, како за локалците, така и за доселениците, плус државата дава поддршка за семејството и родителите.

Ми се допаѓа и навиката на Швеѓаните да прават баланс помеѓу работата и приватниот живот. Тука се цени рамнотежата со редовно работно време, долг годишен одмор и флексибилно работно опкружување.

Шведска е прогресивно општество, односно е водечка земја во поглед на еднаквост на луѓето, права на жените, заштита на животната средина и иновации.

Плус, има културна разновидност. Шведска е дом на луѓе од различни култури и националности, што ја прави земјата (до некаде) отворена и толерантна.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-03.jpeg

Како им функционираат институциите, какво е нивото на хигиена?

Хигиената во градот кај нас не е како некогаш. Дојдоа многу мигранти, се измешаа многу националности и сега хигиената е на навистина ниско ниво.

Порано не можевте да видите отпушок од цигара надвор, а сега е ужас, како да сте во друга држава, а не во Шведска.

На сите страни се слуша арапски јазик. Дојдоа многу иселеници во последниве 5-7 години од разни држави.

За жал, Шведска не е како некогаш.

Но, придобивка е и природата во Шведска и прекрасните пејзажи – езера, шуми, снежни планини. И градовите, иако не се чисти како порано, сепак се зелени и почисти, отколку во многу други земји.

Здравството и банките функционираат, но и тоа не е како некогаш.

Кога станува збор за здравството, мора да кажам дека голем дел од прегледите ги правам во Скопје кога сум на одмор, затоа што здравството тука е многу бавно.

Има приватни докторски ординации, но таму е прескапо.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-24.jpg

Какво темпо на живот водат локалците, имаат ли интересни навики од секојдневието?

Од навики на Швеѓаните кои ми се допаѓаат ќе ја издвојам таа што сите вежбаат. Односно во фитнес центрите ќе видите луѓе на возраст од 10, па до 70 години. Навистина се фокусирани на здравиот начин на живот.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-13.jpg

Висок ли е стандардот на живот? Сподели ни некоја цена од таму…

Цените во Шведска се повисоки од порано, скапо е, но така веќе е насекаде.

Може да се води нормален живот. Но, доброто е што во Шведска не можете да останете без храна и кров над главата, затоа што државата се грижи за вас.

Цените во Шведска се разликуваат во зависност од локацијата, но во просечни услови кафе е од 3 до 5 евра, пиво е од 6 до 9 евра, во зависност од градот и типот на пиво.

Во маркет пак пиво е 1-2 евра по лименка, а кафе од киоски 1.5-2.5 евра.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-05.jpeg

Се почитува ли институцијата брак?

Овде одамна сè помалку луѓе стапуваат во брак, исчезнато е тоа.

Живеат заедно, создаваат семејство, но не стапуваат во брак. Сепак, има и такви кои се одлучуваат на тој чекор, но потоа ако случајно дојде до развод имаат проблем затоа што разводот тука може да чини многу пари ако се земе адвокат.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-09.jpg

Би се вратила ли да живееш во Македонија некогаш?

Да дојдам за живеење не ми се верува. Можеби би дошла ако се среди системот и законите и ако се создадат услови за нормален живот.

Но, ако одлучам да ја напуштам Шведска, како што и имам на ум, би се преселила во држава каде што е 365 дена сончево, како Шпанија или Дубаи.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-22.jpg

Засега сум тука затоа што децата уште не ми се осамостоени. Поголемиот има 20 години, а помалиот 16 и сè уште е во средно училиште.

dragana-stefanovska-zhivee-vo-shvedska-dojdov-kako-bebisiterka-ja-sretnav-ljubovta-na-zhivotot-tuka-no-zemjata-se-promeni-17.jpg

Повеќе фотографии од Драгана на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бојана од Скопје се пресели во Хрватска во име на љубовта: „Сопругот е авиомеханичар, ми го има спас... „Колку жени можат да кажат дека нивниот сопруг го жртвувал сопствениот живот за ...
Тиана од Скопје: „Со сопругот Швеѓанец се запознавме на одмор на Родос и сега Шведска ми е дом“ „Се запознав со Патрик пред речиси 15 години на островот Родос во Грција. Обично...
Кјара Гоља 9 години живее на Нов Зеланд: „Сè уште се привикнувам, ми фалат блиските, бурек и јогурт“ „Ноќниот живот тука е многу 'ослабен' по ковидот. Локалците пијат дома пред изле...
Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на С... „Во Милацо се запознавме со локален угостител кој беше пријателски настроен и ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg