Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може да спијат 6 лица“

Дали готвиш додека сте на кампување? Какви оброци подготвуваш најчесто?

Јас обожавам да готвам. Затоа воопшто не ми претставува проблем и на камп да готвам. Готви и Александар.

Во кампот многу е битна тимската работа, затоа и децата постојано ги вклучуваме во некои активности, најчесто миење садови.

Јадеме исто што и дома. А знаеме и во ресторанот да седнеме.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-08.jpg

Дали е, лично за тебе, кампувањето подобар одмор од престојот во хотел или апартман?

Слободата која ја нуди кампот, не ја нуди ниеден луксузен хотел. Некој ќе каже, сакам да одам на одмор и да уживам, друг да ми готви.

Јас ќе кажам, сакам да одам на одмор и децата да бидат слободни, постојано надвор, да нема тензии кога треба да се оди на ручек или на плажа. За мене тоа е одмор, а не некој друг да ми готви.

Не дека нема да одиме во хотели и нема да патуваме, ама тоа ќе го оставиме за други дестинации. Кампувањето е зараза, еднаш ако пробаш, нема откажување.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-03.jpg

Како изгледа кампувањето со деца? Кои се позитивните, а кои се негативните страни, според твоето искуство?

Камп е идеално за мали деца. Огромна слобода, постојано надвор, нови познанства, сѐ што е потребно на нив.

Јадат каде стигнат, кај нас доаѓаат деца додека ние јадеме. Јас ќе кажам - како ќе се програмираш, така ќе ти биде.

Ако си викам дека ми е проблем секое одење до тоалет, бидејќи не ми е на 2 метри, реално и ќе ми биде.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-05.jpg

Сте имале ли некои непријатни ситуации?

Сега за сега не, но сигурно ќе има.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-14.jpg

Има ли дружење во камповите, нови познанства, луѓе со кои комуницирате и по одморот?

Познанствата од минатата година, останаа и за годинава.

Повеќе фотографии од камперскиот одмор на Маја Кикириткова:

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-04.jpg

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-27.jpg

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-25.jpg

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-21.jpg

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg