Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може да спијат 6 лица“

„Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не повеќе од половина час. Потоа тој си стои постојано врз кола, исто како туле, а заштитен е со церада. Отворањето трае 2-3 минути, исто колку и негово склопување“, вели Маја Кикириткова за CRNOBELO.com. 

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-01.jpg

Модната креаторка Маја Кикириткова неодамна беше на кампување во Љубаништа. Со сопругот и децата, втора година по ред одат таму, откако лани првпат ја открија магијата на кампувањето.

Но, за разлика од минатото лето, кога биле во шатор кај пријатели, овој пат во кампот стигнале целосно подготвени - купиле шатор кој се монтира над автомобилот, тенда која им служи како кујна и простор за седење, ситници во црна боја, поради што сè делува елегантно и со стил.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-10_copy_copy_copy.jpg

За Маја, кампувањето е новооткриена слобода, особено што децата ѝ се постојано на отворено, не брзаат за појадок или вечера, како кога се во хотел.

Taa ни откри и дека неретко на трпезата освен тие четворица, седат и други деца од кампот, а кои се дружат со нејзините син и ќерка.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-12.jpg

За позитивните страни на кампувањето (и кои се негативните), но и за искуството со шаторот поставен врз автомобилот, кој е новина кај нас, Маја раскажа за CRNOBELO.com:

Колку време одите на кампување, кога и како започна првпат?

За некое чудо, минатата 2023 година ни беше првпат. Од 10 дена во камп, Александар 10 дена беше со ангина, висока температура, секој ден примаше инфузија.

Јас некако сама го поминав одморот со децата и сфатив дека мене кампот всушност ме релаксира, воопшто немаше тензии и натегања како порано кога сме оделе во хотели.

Нема дрес код, нема брзање дали ќе се пропушти појадокот, ручекот или вечерата, јадеме кога сакаме, што ќе припремаме (исто како и дома), слободата за децата е огромна, запознавање нови другарчиња…

Многу бенефити кои беа клучни да одлучиме дека тоа е вистинскиот одмор за нас.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-20.jpg

Оваа година изненадивте со шаторот поставен врз автомобил. Од каде идејата за ваков шатор? Дали е простран, удобен?

Лани бевме во шатор кај пријатели, годинава сакавме наш. Одамна ги гледавме овие шатори на интернет, но не знаевме дека и кај нас ги има.

Случајно наидовме на нивната веб страница, отидовме да ги видиме и веднаш го купивме.

Нашиот шатор е голем, со димензии 250х200cm простор за спиење и е наменет за 6 особи. Сите спиеме во него.

Има многу убав тврд душек од 7cm. Си земавме перници, јорган, сошив постелнина, бидејќи со таа димензија на душек никаде не постои постелнина.

Ова за нас е едно ново, авантуристичко искуство и планираме да го користиме не само во летниот период, туку секој викенд да се шета на различни локации.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-23.jpg

Ви требаше ли долго време да го монтирате врз автомобилот? Дали фактот што е лесен за „поставување“ каде и да сте, беше причина плус да го купите?

Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не повеќе од половина час.

Потоа тој си стои постојано врз кола, исто како туле. Заштитен е со церада.

Отворањето на шаторот трае 2-3 минути, исто толку и негово склопување. Тоа е предноста за разлика од шатор на земја.

Исто, предност е што спиеш на високо и нема опасност од влегување на инсекти и животинчиња.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-24.jpg

Тука е и тендата која делува како комбинација од кујна и дневна соба... Што поседува овој дел од камперскиот простор, колку време ви требаше да го уредите и дали постои опција да се затвори ноќе за да не доаѓаат животинки кои бараат храна, на пример?

И Александар и јас сме перфекционисти по природа, сакаме сѐ да ни е естетски убаво, без разлика дали е тоа шатор, храна, дом или облека.

Затоа тргнавме со идејата сѐ да ни е во црна и антрацит боја.

Тендата која ја имаме е простор за седење, дел е како кујна, а се затвора од сите 4 страни.

Сѐ средивме и купивме за неполн месец. Буквално само со тоа бевме преокупирани и истражувавме каде може да се купат детали во црна боја.

Имаме две сталажи со повеќе рафтови на нив, кои ги користиме за складирање.

Едната сталажа е за кујнски елементи, едната за храна која не треба да стои во фрижидер. Имаме и мало фрижидерче, со мал простор за замрзнување, но доволно за мраз.

Бидејќи кај нас никаде не можев да најдам метални чинии, лончиња и сѐ што е потребно како кујнски елементи, а да се во црна боја, му викам на Александар: „Јас гледав во Приштина во еден мол“, а мојот сопруг кој е толку луд како и јас, ми рече да почекам да се врати дома и ќе одиме.

Така отидовме до Приштина, со децата во кола, и ги докупивме ситниците кои ни беа потребни.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-26.jpg

Зошто го избравте Љубаништа? Ако се сеќавам добро, и лани бевте таму?

Лани исто бевме во Љубаништа, да. Годинава бевме една недела, а потоа, до крај на август, ќе одиме во Митари во Грција.

Љубаништа е убаво за децата, има голема песочна плажа, плитка вода, а и лани запознавме многу стални кампери, со кои и годинава се дружиме.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-22.jpg

Дали кампувате само во Македонија, или сте посетиле и некој камп во соседството?

Како што напоменав, ќе одиме и во Грција, а понатаму имаме планови повеќе да посетуваме диви кампови, но мораме да се опремиме со сончеви панели. Здравје, догодина и тоа.

Какви се условите во кампот - струја, топла вода, хигиена, продавнички и слично?

Тоалетите ги чистат постојано, топла вода има, малку е криза по 19h кога сите се враќаат од плажа и се тушираат.

Има една продавничка, солидно снабдена. Струја има секаде, си носиме продолжни кабли и си влечеме до нашата парцела.

maja-kikiritkova-kampuvashe-vo-shator-nad-avtomobil-vo-ljubanishta-se-mesti-za-3-minuti-vnatre-mozhe-da-spijat-6-lica-19.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg