Христијан Стојаноски го посети најбајковитото холандско селце: „Најубаво се доживува со бротче кое го управував сам“

Иако сум посетил многу држави во Европа и Азија, мислам дека ова беше едно од најавантуристичките искуства што сум ги доживеал досега.

Како пловевме низ каналите, така почнуваа воздишките предизвикани од возбуда и убавини - куќи на вода, мостови поврзани од еден до друг крај, црквички, зеленило...

Градбата на куќите и самата декорација околу нив изгледаше многу автентично и сосема поразлично од останатите држави што сум ги посетил.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-06.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-04.jpg

Ми беше чудно што во голем број од тие куќи немаше луѓе или, можеби, локалците се криеја од туристите.

Ние почнавме со пловидба од едно каналче, ги поминавме сите канали и откако ги видовме сите градби наоколу, се упативме на отворено, па запревме среде езеро.

Кога видов дека ни преостанува помалку од 1 час до тргнувањето на автобусот, веднаш го „запалив“ чамецот и тргнав кон пристаништето, но за несреќа, се движевме пребавно, а ветерот кој дуваше контра нас беше пресилен.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-17.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-05.jpg

Кога веќе стигнавме на пристаништето, немав време да го вратам чамецот од местото од кај што го изнајмив, па го врзав на најблиското копно и мидслам дека трчав за да најдам некој од персоналот за да им кажам дека нешто не е во ред со моторот.

Ме фаќаше и по малку паника, знаејќи дека автобусот нема да чека ниту една минута за да тргне. Кога со еден од вработените стигнавме до бротчето, тој го провери и ми кажа дека батеријата веќе била празна (бидејќи бродчињата беа на струја).

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-16.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-09.jpg

За момент си помислив дека можевме да останеме среде езеро, а дека јас немав број, ниту некаков контакт од луѓето кои ни го изнајмија чамецот.

Но решив да не си го уништувам денот со такви мисли, бидејќи сè се заврши добро, а ние на време стигнавме кај автобусот.

Уште поубаво ми беше тоа што, поради проблемите со чамчето имав можност да го прошетам и копниот дел на Хитхорн, па целата ситуација беше win-win.

Во Холандија поминав 5 дена и можам да кажам дека тоа сега ми е омилената земја што сум ја посетил - луѓето се гостопримливи, сите зборуваат англиски  владее целосна тишина, нема звук на автомобили, а во атмосферата се чувствува тотална слобода“.

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-14.jpg

hristijan-stojanoski-go-poseti-hithorn-vo-holandija-iznajmuvanje-chamec-e-45-seloto-ne-se-sporeduva-so-niedno-drugo-vo-svetot-10.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Спасе Манев за одморот во Албанија: „Најскапите лежалки се 35 евра, сместувањата се подобри од Грциј... „Најскапите лежалки беа 35 евра на плажата Тре Ишујт, 30 евра на Бора Бора, а на...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg