Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волшебни“
Ни кажаа и дека има уште многу неоткриени археолошки места кои се покриени со многу зеленило и се нaoѓaaт во џунглите на овој регион, па допрва треба да бидат откриени.
Кога стигнавме до пирамидата Кукулкан, ни покажаа каде е нејзиниот центар и ни кажаа да аплаудираме.
Кога го направивме тоа, чувството беше неверојатно - почнавме да слушаме звуци кои наликуваат на гласови на пилиња, а всушност тоа беше само илузија.
На патувањето бевте и со синчето. Колку години има тој и колкав предизвик беше да се патува на толку далечна дестинација со мало дете?
Нашиот син Димитриј има З години, и тој досега има многупати летано со авион, па воопшто не беше тешко да се патува.
Единствено беше напорно затоа што летот беше многу долг.
Таму поради него постојано бевме на некој од базените, за да може да си игра и да се забавува.
Но, имав и огромна помош од многуте пријатели кои беа со нас и кои ни помагаа околу него или количката, особено кога одевме на места каде што требаше да се искачуваме многу.
Колку време траеше летот, од каде летавте? Дали организиравте сè сами или со агенција?
Организацијата беше наша, не одевме преку агенција.
Вкупно патување од дома до првиот хотел беше 24 часа. Летот од Франкфурт до Канкун траеше 11 часа.
Интересно ми беше и тоа што кога летавме кон Канкун, воопшто не видовме ноќ, поради временските зони.
Дали имавте некоја непријатна ситуација, имајќи предвид дека земјата е позната по криминал, џепчии, измамници?
Непријатна ситуација немавме, но интересен е фактот дека насекаде имаше федерална полиција која беше многу наоружана и возеа џипови, како во мексиканските филмови.
Ако некој сака да оди во Мексико, кои се твоите препораки - што мора да види или проба, а што не?
Мексико е една од дестинациите која има апсолутно сè. Секој што ќе отиде, сигурна сум дека ќе си го најде своето делче рај таму.
Моја препорака е да ги посетат пирамидите во Чичен Ица и прекрасниот Тулум, да пробаат што е можно повеќе локални специјалитети и пијалаци и да уживаат во секој момент поминат таму.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело