Маринела од Прилеп го посети Мексико: „Шишенце вода на плажа е 10€, пирамидите во Чичен Ица се волшебни“

„Во Мексико отидовме за свадбата од еден од најдобрите другари на мојот сопруг. Таа беше на плажа и имаше музика од двете држави. За македонскиот репертоар бев задолжена јас, па имаше и свадбарски песни, но и песни од нашиот Тоше“, вели Маринела за патувањето во Мексико.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-01.jpg

Маринела Николоски (30) од Прилеп неодамна беше на патување во Мексико со сопругот и синот.

Тие посетија неколку града, а престојуваа и во Тулум, од каде што Маринела се врати со силни впечатоци.

Но, го посетија и локалитетот заштитен од УНЕСКО, Чичен Ица и пирамидите на Маите, кои датираат меѓу 8 и 12 век.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-24.jpg

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-37.jpg

Своето искуство и впечатоците од патувањето Маринела ги сподели за читателите на CRNOBELO.com:

Неодамна беше на патување во Мексико. Зошто ја избравте таа дестинација со сопругот?

Мексико одамна го имавме на листата земји кои сакаме да ги посетиме и искрено, не планиравме да одиме сега.

Најголемата причина поради која сепак отидовме беше свадбата од еден од најдобрите другари на мојот сопруг.

Свадба на плажа е чувство кое не се опишува со зборови, само се доживува.

На свадбата имаше музика од двете држави, Македонија и Мексико, а за македонскиот репертоар бев задолжена јас.

Па, така, имаше доста македонски свадбарски песни, но и песни од нашиот Тоше.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-35.jpg

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-02_copy.jpg

Сепак, среќна сум што посетив еден дел од една од моите омилени земји, Мексико.

Ова беше место каде што можев да се чувствувам слободна, но и да зборувам на јазик кој го знам.

Во текот на патувањето бевме сместени во 4 хотели и сите хотели си имаа свои правила.

Хотелите се големи комплекси, кои се заградени и околу нив има многу полиција и има огромно обезбедување, па се чувствувавме безбедни.

Во нив се влегува со лични документи и по проверка дали имате резервација.

Имаше ресторани каде што треба да бидеш примерно облечен, мажите во костуми, а жените со фустани кои не смее да се над колена, како и ресторани каде што не можеше да се оди со деца помали од 12 години.

Постоеја и строги правила за однесување на базените, а сите хотели во кои бевме, имаа по минимум З базени.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-03.jpg

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-06.jpg

Кои места ги посетивте? Што ти остави најсилен впечаток од местата што ги видовте, а што те разочара?

Со водичи и организиран превоз ги посетивме туристичките места Тулум, Чичен Ица и градовите Плаја дел Кармен и Ваљадолид.

Тулум е најголемата заедница во областа Квинтана Ру. Градот се наоѓа на карипскиот брег на државата, во близина на местото со археолошките урнатини на Тулум, каде што живееле Маите.

Тоа ни даде можност да посетивме и едно од седумте светски чуда, односно пирамидите на Маите во Чичен Ица.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-09.jpg

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-28.jpg

А што се однесува до Плаја дел Кармен и Ваљадолид, овие градови не беа воопшто поразлични од она што сум го гледала за нив на телевизија.

Така што, мора да признаам дека Мексико, барем оној дел што го видов, ми ги исполни сите очекувања.

Сепак, Мексико има и друго лице. Надвор од хотелите е голема сиромаштија.

Пола куќи имаат покрив, пола не, ѓубре насекаде и многу често, ако тргнеш некаде сам, без водич, може и да не стигнеш до крајната дестинација, без некој да те нападне или ограби.

Токму затоа е толку силно обезбедувањето во хотелите и околу нив.

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-22.jpg

marinela-od-prilep-go-poseti-meksiko-shishence-voda-na-plazha-e-10-piramidite-vo-chichen-ica-se-volshebni-20.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...
Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg