Диџеј Мац за патувањето на Сицилија: „Летавме со авион преку Тирана, видовме вулканска ерупција на Стромболи“
Последните денови од патувањето ни беа испланирани за посетата на Палермо.
Таму ја посетивме една од најпознатите плажи во Сицилија, Mondelo Beach.
Плажата изобилува со ситен бел песок и премногу топла тиркизна вода.
Во Палермо го посетивме и историскиот дел од градот, што го сочинуваат неколку знаменитости: катедралата на Палермо, театарот Massimo di Palermo, една од најголемите оперски куќи во Европа, плоштадот Pretoria, црквата San Giuseppe dei Teatini.
Дали би се вратиле пак? Секако дека не, зашто за истите пари би отишле на некое ново место.
Но, најтопло ја препорачувам Сицилија на сите што не биле, бидејќи навистина вреди да се види“.
Погледнете повеќе фотографии:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело