Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“

Кои места во Азија успеа да ги посетиш? Откри ли места што сè уште не се преплавени од туристи?

Досега имам посетено 18 различни градови и острови низ Виетнам, Тајланд и Сингапур. Оваа година, после Тајланд ќе одам и на неколку места во Малезија и Бали што ќе ги додадам на листата.

Од Виетнам би издвоила Ha Giang каде што се оди на неколку дневна тура со мотори со најубавите планински погледи, а исто интересно искуство е пиење кафе со јајце на познатата Train Street во Ханои.

Во Тајланд бев на еден не толку познат остров, Koh Kood, каде што сите плажи се совршени, и морам да ги издвојам Railey Beach, Koh Tao и Koh Phangan како поубавите места во Тајланд.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 16

Локалци, дигитални номади, нови познанства и пријатели… Какво е твоето искуство со запознавање на луѓе од цел свет?

Една од најубавите страни на патувањево е што запознавам луѓе од цел свет коишто се дојдени да уживаат во убавините на овој крај од светот.

На местата каде што останувам подолго навистина имам можност да стекнам многу убави пријателства со луѓе со коишто сè уште сум во контакт и едвај чекам да ги посетам во Европа.

Некои од нив работат, па разменуваме искуства ама поголемиот дел од луѓето овде се или на долг одмор, или решаваат да дадат отказ за време на зимата и шетаат во Азија со заштедата.

Локалците овде се најчесто вработени затоа што во Азија стандардот е многу низок и не можат да си дозволат да одат на истите места како сите туристи овде.

Слабо зборуваат англиски, но сепак ќе пробаат да помогнат на кој било начин и се доста љубезни.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 2

Има ли некое специфично азиско јадење или кулинарско искуство што ти стана омилено за време на патувањето?

Тајландската храна мене ми е превкусна и тука се навикнав да јадам лута храна. Пад таи ми е омилено од нудлите, а исто многу сакам тајландско кари што е зачинета супа од кокос со зеленчук и избор на месо, а се служи со ориз.

Интересно јадење овде е алигатор и доста е вкусен, а исто се нудат бубачки, но не собрав храброст да пробам досега.

Виетнам е познат по доброто кафе и таму имав можност да пробам кафе со јајце што е превкусно, а од храната најмногу ми се допадна еден специјалитет што се вика Bun Cha и мене ми беше поубав и од познатата Pho.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 11

Учествуваше ли на некои локални настани, фестивали или културни активности? Како овие искуства ти го збогатија целокупното патување?

Од поинтересните искуства би издвоила традиционален будистички ритуал во еден од храмовите во Chiang Mai каде што може да се види како локалното население ја практикува религијата.

Тајланд е исто многу познат по ноќен живот, и имав можност 2 години по ред да одам на најголемата журка што се случува еднаш месечно на полна месечина – Full Moon Party на Koh Phangan.

Тука се собираат илјадници луѓе од околни острови, сите се цртаат со флуоресцентни бои, пијат коктели од мали кофички и забавата трае до сабајле.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 4

Кои совети или сознанија би ги споделила од прва рака со оние кои сакаат да заминат во Тајланд или општо во Азија и истовремено да патуваат и да работат од далечина?

На сите би ја препорачала Азија затоа што може да се живее и работи во одлични услови за доста понизок буџет споредено со европските градови, па дури може и да се спореди со македонскиот стандард.

Многу е лесно да се патува насекаде, има неверојатна природа и плажи, превкусна храна и многу различни понуди со активности и тури.

За соло патувачи исто препорачувам хостели затоа што тоа е најдобар начин за запознавање луѓе и дружби.

Лани првпат спиев во хостел и ми беше ново искуство, а оваа година патувам без фиксна агенда и почесто наоѓам поубави хостели отколку приватни сместувања.

Најдобриот период за посета е баш сега во зимскиот период и кој може да избега од ладното и да дојде да ужива во Тајланд – just go for it.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 10

Тука може да го завршиме разговорот, на кој начин твоето искуство на Тајланд го обликуваше твојот  личен и професионален раст како дигитален номад, но и како човек пред сè?

Тука научив како да живеам надвор од комфор зоната, да го прифатам хаосот каков што е, да уживам во моментот и повторно ми се разбуди авантуристичкиот дух.

Работам во многу динамична индустрија и знае да биде напорно, но тука се чувствувам многу попродуктивно, имам подобар баланс помеѓу приватниот живот и работата и утрата покрај плажа ми носат мир како ништо друго на светов.

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 24

ivana ugrinovska tajland e popularna destinacija za digitalni nomadi tuka vozev motor vo djungla vo 3 sabajle a lokalite kje ti pomognat vo sekoe vreme 28

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Милош Боев: „Работам во Нигерија како инженер - полиција со оружје ме чува 24/7, едвај се навикнав“ „И одењето во ноќен клуб е со режим за безбедност. Ми приоѓаа луѓе кои сакаат за...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Анета за посетата на Гренланд: „Во август температурите се до 12°C, меѓу градовите се патува со брод... „Гренланд можеби нема некои големи и импозантни знаменитости, но самата недопрен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg