Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, но искуството фантастично“

Успеавте ли да отидете на некои од екскурзиите кои се нудат на Малдиви – нуркање, хранење ајкули или сепак поминавте мирен одмор?

На дечиња под 4 години генерално им е забрането да одат на сите екскурзии кои се нудат, така што во нашата ситуација мирен одмор беше едниствената опција. Но, имавме можност да изнајмиме пераи и маска и бевме на рекреативно нуркање, секако без дечињата.

Додека еден родител нуркаше, другиот ги чуваше и така се менувавме.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-26.JPG

Индискиот океан е многу богат со морски свет, па при нуркањето видовме разновидни риби и корали. Исто така, на самиот отров имаше определено место за разглед на подводниот свет, каде што успеавме да видиме ајкули, бебе-ајкули, раи и желки.

Би ги препорачале Малдивите како дестинација за семејства со деца?

Малдивите имаат репутација дека се дестинација за меден месец, но иако ова е донекаде точно, тие се исто така и неверојатно место за пасивен семеен одмор. Ако сакате на вашите малечки да им покажете рајски пејзажи - тие се совршена дестинација.

Исто така, би рекла дека одењето на Малдиви со мали деца или со доенчиња е супер идеја затоа што не им требаат толку разновидни активности како на поголемите деца, така што бавниот и тивок островски живот подобро им одговара.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-28.JPG

Во нашиот ресорт секако имаше доста активности организирани од детскиот клуб кои се одвиваа три пати на ден и тоа наутро, попладне и навечер. Имаше интересни активности кои беа соодветни и за поголемото детенце како уметност на кокоси и листови, оригами работилница, градење на замоци од песок, кино вечер итн. Во склоп на детскиот клуб имаше и игротека за дечињата.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-09.JPG

Децата под 3 години мораа секогаш да бидат во придружба на родител, додека пак за децата од 3-12 години има задолжени детски аниматори кои го организираат денот и активностите и се грижат за нив.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-19.JPG

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-25.JPG

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-05.JPG

 ©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. П. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg