Ива од Скопје за одморот на Малдиви со две мали деца: „Сменивме 3 авиони и глисер, патот е напорен, но искуството фантастично“

„Патувавме скоро 24 часа, летавме од Белград, сменивме 3 авиони и плус глисер до ресортот. Децата уживаа, сите бевме постојано боси, храната беше прекрасна, а на влажната клима се навикнавме речиси веднаш. Малдиви се идеална дестинација за мали деца и доенчиња“ - ни раскажува Ива Матески од Скопје, која заедно со сопругот Златко и двете дечиња Матијас (2 и пол години) и Миха (1 година) уживаа на рајскиот остров Куреду.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-01.jpg

Во интервју за CRNOBELO, Ива го споделува нивното искуство од патувањето и совети кои можеби ќе им се најдат на сите родители кои размислуваат за вакво подалечно патување со своите деца. 

Како се одлучивте за долг пат до Малдиви со две мали дечиња? Како и колку време патувавте до островот? Дали би рекле дека ресорт е подобар избор за семејства отколку локален остров?

Патувањето на Малдиви со мали деца е одлична опција за спокоен одмор, па од таму и идејата да ја посетиме оваа прекрасна дестинација.

Патувавме скоро 24 часа со сите прелети и авио-конекции. Летавме Белград - Дубаи, Дубаи - Мале. Од Мале до локалниот остров Мадивару имавме локален лет, а потоа со глисер до ресортот, Куреду кој е ресорт-остров.

Иако вообичаено избегнуваме да резервираме патувања со агенции, овој пат решивме да го направиме тоа со цел да ги минимизираме грижите, особено затоа што патуваме со мали деца. Беше олеснување што сите логистички работи и трансфери беа професионално организирани од нивна страна, овозможувајќи ни да се фокусираме само на уживањето.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-06.JPG

Одлуката да го поминеме одморот со деца во ресорт на Малдиви несомнено беше подобар избор за нас во споредба со изборот на локален остров.

Ресортот обезбедува контролирана и безбедна средина со спокојна атмосфера, овозможувајќи ни целосно да уживаме во нашиот одмор, без да се грижиме за предизвиците со кои можевме да се соочиме доколку престојувавме на некое локално островче.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-08.jpg

Како го поднесоа децата патот? Што им носите за занимација?

Да бидам искрена патот до Малдиви е долг и напорен, колку за нас толку и за децата.

Уште во старт бевме спремни за долгите летови и се наоружавме со трпение, омилени играчки, сложувалки, книги со активности, боички и цртани. За времетраење на вакви долги летови, правилата да не се гледаат цртани филмови и да не се консумираат разно-разни нездрави грицки не важат.

Ова беше нивно прво подолго патување и мислам дека добро го поднесоа.

Нормално е дека имаше периоди на нервоза, oсобено со дневните летови, но децата исто така брзо се заморуваа, па успеваа да фатат по некоја дремка. Ноќните летови беа доста полесни за нив бидејќи успеваа да врзат часови со непрекинато спиење.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-20.JPG

Островот Куреду е 5 часа понапред споредено со нашата временска зона. Мислев дека временската разлика ќе биде проблем ден-два за децата да се навикнат, но всушност добро излезе.

Најважно беше тоа што кога пристигнавме, сите убаво се отспавме, а потоа продолживме со вообичаената рутина. Дечињата легнуваа по вечерата во 20:30 часот по тамошно сметање на времето и стануваа во 8 часот наутро, што е сосема исто како и во Скопје.

Што е неопходно да се понесе за децата кога одиме на Малдиви?

Дефинитивно број еден артикл за пакување е кремaта за сончање! Сонцето е силно, а УВ-индексот е над 6-7 и верувајте ми дека не сакате да плаќате вртоглави суми за креми за сончање во ресортот.

Костими за капење (најмалку два пара), капчиња, пелени/гаќички, шорцеви и маички, пижами, воглавно лесна облека и папучки, но ние воопшто не ги облековме.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-13.JPG

Нашиот остров беше таканаречен „barefoot“ остров, бидејќи секаде имаше само песок, па затоа одевме босоноги, дури и во рестораните.

iva-mateski-od-skopje-za-odmorot-na-maldivi-so-dve-mali-deca-patot-e-naporen-i-trae-24-casa-no-iskustvoto-e-apsolutno-fantasticno-29.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Нина (25) од Скопје за животот во Унгарија: „Дојдов сама на 18 години, но би се вратила да живеам во... „На прашањето „Дали би се вратила ли да живеам во Македонија некогаш? искрено ќе...
Бев на одмор во Бари: Пиво ќе најдете и за 1,5 евра, но и комплет лежалки за 42 евра Постојат неколку начини од Скопје да се стигне до Бари - еден од нив е со авион ...
Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може д... „Шаторот ни го монтираа од фирмата каде што го купивме. Монтажата траеше не пове...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Велешанката Стефани го посети Бразил: „Лежалките на Копакабана се бесплатни, во Рио е поевтино откол... „Во Рио резервиравме хостел, кој беше на околу 3 минути пешки од Копакабана...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg