Бранко Илиески за патувањето во Норвешка: „Ја посетив најсеверната точка во Европа, тука јадат многу леб“

Што ти понуди Тромсе и со какви доживувања замина од него?

Тромсе е исто така голем град со катедрали, многу продавници, кафетерии, музеи, убав центар за шетање, како и прекрасно пристаниште во центарот на градот.

Мислам дека тука многу може да се почувствува норвешката култура, а и градот е почетна точка за многу екскурзии како што е пловење со китови и разгледување на животинскиот свет.

Исто така, има и жичница каде можеш да се искачиш до точка која ти овозможува панорамски поглед врз градот.

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 14

Го посети и Нордкап – најсеверната точка на Европа. Раскажи ни повеќе за ова доживување...

Посетата до Нордкап кој се смета за најсеверната точка на Европа ме воодушеви. Се возевме околу 45 минути пред да стигнеме дотаму, притоа поминувајќи покрај растрчани елени, долини со прекрасно зеленило, реки, езера, а по пат посетивме и село со староседелци.

Но, големиот гребен кој гледа спрема Арктикот најмногу ме освои. Тука има и споменик на Мајката земја со седумте континенти, има и кино каде се прикажуваат документарци кои ги обработуваат овие специфични прашања поврзани со Норвешка, како и она што се гледа од самиот гребен во различни периоди од годината.

Не можам со зборови да го доловам целото искуство.

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 2

Интеракција со локалците често знае да ја продлабочи сликата за дестинацијата. Успеа ли да разговараш со Норвежаните и да дознаеш нешто повеќе од нивното искуство?

За време на целото патување бев придружен со локален водич. Тој ни раскажуваше за историјата и културата, а за сето останато оставив моите очи и душа да се насладат со убавината на која наидов таму.

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 17

Што имаш да кажеш за локалната кујна?

Кујната им е разновидна. Многу морска храна, свински, телешки и овчи ќофтиња со зеленчук, се јаде и многу леб. Видов дека јадат лубеница и бело сирење, а јас таа комбинација многу ја сакам.

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 6

Зошто секој треба да ја посети Норвешка?

Секоја земја има своја убавина, ама Норвешка е од оние земји кои ќе ви овозможат да уживате секоја минути од престојот таму.

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 10

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 4

branko ilieski za patuvanje vo norveska ja posetiv najsevernata tocka vo evropa a fjordovite se posebni dozivuvanja 9

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Битолчанката Дивна 13 години работи на брод: „Од аниматор за деца стигнав до директор на одделот, Ма... „Со оглед дека во Македонија беше тешко да се добие работна позиција по завршува...
Бранко Илиески за патувањето во Перу: „100 пати да се вратам на Мачу Пикчу, нема да ми биде здодевно... „Во Перу јадат и морски прасиња. Ги печат на жар, како во фурна. Секако дека про...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Стефан од Скопје е фитнес тренер на Тајланд: „Ова е рајот на земјата, но ми фали да сум поблиску до ... „Тајландскиот јазик е претежок за учење, но за среќа повеќето од локалното насел...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg