Мери Јаневска: „Сиропиталиштето за слонови ми беше едно од најубавите места во Шри Ланка, а патувањето со воз е магнет за сите туристи“

Во националниот парк Јала бевте дел од едно незаборавно сафари. Што сè ви понуди националниот парк? Какви животни сретнавте таму?

Сè, само леопарди не. И покрај тоа што Јала е најпопуларниот парк за диви животни и многу леопарди, за наша несреќа, единствено нешто кое видовме од леопардот беше опашката која висеше од дрво, и иако чекавме 15 минути спремни со апарати во рака, сепак леопардот толку уживаше, па нè сакаше да се мрдне.

За оваа авантура, појдовме од Тиссамахарама во 5.30 наутро, и сафарито траеше околу 5 часа. Иако бевме малку разочарани што не видовме леопард, за време на сафарито со џип низ тревните рамнини сретнавме многу слонови, крокодили, срни, биволи, разни видови на птици, па дури и петел.

Дефинитивно е интересно искуство и поттик да се оди на сафари во Кенија.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 10

Исто така, Шри Ланка е позната по патувањата со воз. Од која до која точка се движевте и какви шаренолики предели поминавте?

Да, возењето со воз од Нувара Елија до Ела е навистина спектакуларно и вистински магнет за сите туристите во Шри Ланка кое трае околу 3.5 часа. Се поаѓа од железничка станица „Нану Оја“ која е мала и навистина стара, нема табли за возен ред, и возовите често доцнат.

Кога станува збор за неверојатни погледи, додека се возите може да уживате во прекрасните воодушевувачки бујните зелени ридови, плантажи со чаеви, мали села, многу планински тунели, водопади, и густи џунгли, и секако поради тоа што возот вози релативно споро може да направите прекрасни фотографии.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 2

За комплетно искуство уште што сè мора да се види и доживее во Шри Ланка?

Мостот Nine Arch Bridge којшто се наоѓа во Ела е нешто што е доста интересно и популарно да се види, искачување до врвот на Малиот Адам. Прекрасното селото Хиривадуна каде може да се возите со воловска запрежна кола или пак изнајмете чамец и истражете го езерото Хиривадуна, кое е полно со лотоси.

Тука се и националниот парк Минерија, храмот Дамбула кој се состои од 5 главни пештери и се смета за еден од најпознатите будистички храмови во Шри Ланка, храмот на забот на Буда или Далада Малигава, древниот град Полонарува, кој е прогласен за светско наследство од УНЕСКО, каде може да се видат многу рушевини и храмови, кулата Амбулувава, градот Гале, селото на рибарите, и секако за крај неколку дена на прекрасните плажи е нешто што е задолжително за да се опуштите и релаксирате после толку многу посетени места.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 3

Каква слика создаде за локалците, каква беше комуникацијата со нив?

Прекрасни луѓе, секогаш насмеани, фини, културни и позитивно настроени кон странците. Навистина луѓе кои знаат да уживаат и покрај тоа што имаат многу полоши услови за живот од нас.

Интересно беше на рибниот пазар Негомбо. Беше толку топло и спарно, а мирисот на риби беше навистина многу јак, но сепак рибарите и продавачите имаа блескави насмевки и со задоволство се фотографираа со својот улов.

Поголем дел од популацијата овде се Будисти, кои се водат според принципот доколку правиш добро, ќе ти се врати со добро. Доколку правиш лошо, ќе ти се враќа со лошо.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 8

Како ти се допадна локалната храна?

Кујната од Шри Ланка е уникатен спој на индиска, кинеска, португалска, холандска и англиска култура на храна, така што посетителите на Шри Ланка ќе можат да искусат различни видови храна.

Познати традиционални јадења се типичното ориз и кари, пилешко со индиски ореви и чили сос, пол самбол, дал (зачинета леќа), вегетаријанска или пилешко Kottu Roti, хопери, и секако фритери од банана, кои мора да се пробаат.

Лично мене храната ми беше вкусна поради тоа што уживам во зачинета храна, но секако доколку некој не ужива во ваков тип на храна, има за сечиј вкус.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 5

Што најмногу ти се допадна, а што ти пречеше од посетата во Шри Ланка?

Искрено сè беше преубаво, но ако треба да издвојам нешто кое мене најмногу ми се допадна е престојувањето во Пинавала, гледање на изгрејсонцето од Карпата Лав (Lion Rock), и секако тоа што сите луѓе беа толку многу позитивни и секогаш насмеани.

Нема нешто што навистина ми сметаше. Единствено тоа што немав шанса да пливам со плавите китови, кое во Шри Ланка е многу популарно, но, за жал, додека ние бевме таму ги немаше, па можеби тоа е причина да се посети Шри Ланка уште еднаш.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 13

Зошто секој треба да ја посети Шри Ланка барем еднаш во животот?

Прекрасна тропска клима преку целата година, песочни плажи со палми и тиркизни води, храмови, диви животни, и прекрасна природа. Навистина нема зошто да не се види оваа јужноазиската земја.

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 4

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 18

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 15

meri janevska siropitaliste za slonovi mi beshe edno 0d najubavite mesta vo sri lanka a patuvawet so voz e magnet za site turist 16

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

Е. Х. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Стефан Савевски за патувањето во Јордан: „Ја посетив Петра 4 пати, за Македонците треба виза, а лока... „Невозможно е да пропаднеш во водата на Мртвото Море дури и да вложиш напор, сам...
Моделот Павле Николовски го посети Исланд: „Ручек во ресторан не е под 150 евра, најевтин бургер е 2... „Исланд е третата најскапа земја во светот, а цените се скоро 10 пати повисоки о...
Ивана Угриновска за патувањето во Тајланд: „Сама возев мотор низ џунгла во 3 наутро“ „Секој сака да ужива во луксузни хотели, но јас сакам да искусам многу повеќе од...
Марио Савовски го посети Рио де Жанеиро: „Другари беа пречекани со пушки во фавелите, но градот ме п... „Едно нешто што не бев свесен е колку е всушност исполнет со ридови и планини са...
Владимир од Скопје патува низ светот: „Скокав од авион во Дубаи, најевтино е во Јордан, а најскапо в... За CRNOBELO.com, Владимир од Скопје вели дека најдобра храна вкусил во Мексико, ...
Теона Манго го посети Мексико: „Тулум е рај, а локалците се фини, но знаат да лажат за да ти земат п... „Тулум е еден одличен спој на одмор и забава. Ова е место каде што можете рано н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg