Блага паста од грав и уште 9 (необични) десерти од целиот свет кои вреди да ги пробате барем еднаш

Кога има снег, Канаѓаните сакаат да си прават необични лижалчиња – го зовриваат јаворовиот сируп и го истураат врз чист снег за да се стврдне.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-001.jpg

Секоја земја нуди уникатни вкусови без разлика дали станува збор за солени јадења или десерти. Некогаш нам вие традиционални јадења и десерти ни изгледаат чудно, а некогаш нè потсетуваат на нашата кујна.

Но, ако сте љубопитни, дефинитивно вреди да ги пробате сите, дури и оние најчудните.

Во продолжение 10 традиционални десерти од целиот свет:

Hagelslag – Холандија

Овој холандски десерт можете да си го направите и дома. Сè што ви треба е леб, несолен путер и чоколадни трошки.

Постојат и други верзии од овој десерт – наместо путер, можете да ставите мед или путер од кикиритки.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-12.jpg

Лижалче од снег и јаворов сируп – Канада

Канаѓаните го обожаваат јаворовиот сируп, а бидејќи кај нив има и многу снежни денови, измислиле навистина необичен, но наводно вкусен десерт.

Десертот се прави со зовриен јаворов сируп кој се истура врз чист снег. Снегот веднаш ќе го стврдне јаворовиот сируп, па се добива нешто налик на лижалче.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-03.jpg

Frejol colado – Перу

Главната состојка на овој традиционален перуански десерт е црниот грав.

Најпрво гравот се остава цел ден во вода, потоа се лупи и од него се прави паста. Во пастата се додаваат млеко, шеќер, цимет, каранфилче и кафеав шеќер, а се украсува со печен сусам.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-04.jpg

Kürtőskalács – Романија и Унгарија

Овој десерт е вид печиво и потекнува од Трансилванија, а е популарен и во Унгарија.

Печивото има форма на конус или цилиндар и се пече на жар. Бидејќи е намачкано со путер и шеќер, со печењето станува крцкаво. Покрај шеќер, некогаш се додава и цимет.

Потоа можете да го наполните со што сакате но најпопуларен избор се сладолед и овошје.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-05.jpg

Kvæfjordkake – Норвешка

Оваа торта со чудно име се прави слично како целувките што ги прават нашите баби.

Тортата има еден слој пандишпан, слој целувки и слој од крем од ванила, а на крај се додаваат и сечени бадеми.

blaga-pasta-od-grav-i-ushte-9-neobichni-deserti-od-celiot-svet-koi-vredi-da-gi-probate-barem-ednash-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Која е разликата помеѓу бел и кафеав шеќер (и кој е поздрав)? Луѓето често веруваат дека кафеавата храна е поздрава од белата, на пример, кога...
Совети со кои ќе ги избегнете грешките кога правите ориз Важно е да го измиете оризот пред готвење и никако немојте да го мешате додека г...
Кулинарски трикови за кои дури и искусните домаќинки ќе бидат благодарни Дали знаете како можете да го столчите црниот бибер ако немате мелница, или како...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg