Еклерите не се гризат - 8 бонтон правила кога нарачувате и јадете десерти
-->
Бонтон правилата за на маса обично се фокусирани на користењето на приборот околу главното јадење, но кој би помислил дека за десертот се врзани толку многу правилни и погрешни постапки?
Кои десерти се јадат со прсти, а за кои се користи прибор?
-->
Тортата послужена на парчиња прво треба да се сврти на страна, па да се одвојуваат залчиња со лажичката.
Еклерите не се гризат, туку се сечат со нож и виљушка.
Сладоледот во длабоки чаши и садови се служи со лажички, додека сладоледот во рамни, плитки садови се јаде со виљушка.
Кроасаните прво треба да ги искршите на парчиња, па да ги јадете.
-->
-->
Колачињата се јадат со раце, само ако не се покриени со шлаг или леплив прелив.
-->
Ситните шумски овошја се јадат со мала лажичка.
Питите исто така се јадат со виљушка, како и тортите.
-->
Тортите како пандишпан се сечат и јадат со виљушка и нож.
Слатките печива прво треба да се пресечат со нож на еднакви парчиња, па да се јадат со виљушка или рака.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи
Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...
Храна која треба да ја избегувате во лето – предизвикува да се потите повеќе
Секогаш кога телото се обидува да свари тешка храна, потењето се зголемува. Колк...
Кафеавиот ориз е поздрав од белиот и уште 7 погрешни митови за храна и слабеење
Ако сакате да ослабите, не секогаш треба да се фокусирате на тежината – кога цел...