Традиционална брза храна од целиот свет што вреди да ја пробате
Кроасан, Франција
Можеби сте пробале кроасани од нашите пекари, но ништо не ги заменува француските. Ова печиво најчесто се јаде за појадок, но слободно можете да го вклучите и во ручекот и вечерата.
Најчесто француските кроасани се без фил и се јадат без додавање на путер. Нормално, можете да најдете и други верзии, благи или солени, полнети со крем, сирење или шунка.
Суфлаки, Грција
Гирото им е омилениот оброк на сите кои одат во Грција, но треба да му дадете шанса и на суфлакито. Знаевте ли дека ова јадење потекнува уште од деновите на Аристотел, што го прави најстариот оброк на листава?
Суфлакито се состои од парчиња место на скара, најчесто свинско или јагнешко, и се служи со пита леб, ѕаѕики и домати.
Хамбургер, Германија
Можеби хамбургерите ги поврзуваме со САД, но тие всушност потекнуваат од Хамбург, Германија, и тоа од 15-тиот век. Најчесто хамбургерот е направен со плескавица од квалитетно говедско месо послужена во лепче.
Благодарение на рестораните како Мекдоналдс, ова јадење го има низ целиот свет. Но доколку сте во Хамбург, добро би било да го пробате и оригиналниот хамбургер.
Пица, Италија
Постои ли личност што не сака пица? Ова јадење го јадеме насекаде – дома, на работа, во ресторан, на улица… Иако потекнува одамна, пицата што ни е позната денес прв пат се појавила во 18-тиот век. Имено, најпрвата пица во Италија била храна за сиромашните, сè додека кралицата Маргарита не замолила еден готвач да ѝ направи и неа.
Тој направил пица со свеж босилек, моцарела и домати, што навистина ѝ се допаднала. Па, оттогаш популарноста на ова јадење само се зголемувала.
Помфрит, Белгија
Сите јадеме помфрит и можеме да го комбинираме со безброј јадења. Иако можеби англиското име (French fires) ве натерало да помислите дека потекнува од Франција, помфритот всушност доаѓа од Белгија.
Бо Белгија можете да најдете многу ресторани што продаваат помфрит со разни сосови, но традиционално, помфритот го сервираат со лажица мајонез.
Спирова С. | Црнобело