Традиционална брза храна од целиот свет што вреди да ја пробате

Кога патуваме, сите сакаме да ја пробаме традиционалната кујна на државата што сме ја посетиле. Но понекогаш немаме време или доволно пари за да седиме во ресторан и да порачаме цел оброк. 

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-01.jpg

За среќа, речиси секоја држава си има и своја традиционална брза храна. Повеќето од овие јадења сигурно ги имате пробано, но не заборавајте да ги пробате и во државата од каде што потекнуваат.

Пиероги, Полска

Не се знае точното потекло на ова јадење, па најчесто се смета дека потекнува од Централна и Источна Европа. Но моментално најпознати се полските пиероги.

Пиерогите се направени од тесто без квасец кое прво се вари, а потоа се пече или пржи со путер и кромид. Можат да бидат полнети со компир, мелено месо, сирење, па дури и овошје.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-02.jpg

Суши

Веројатно денес нема личност којашто не пробала суши. Главната состојка на ова јадење е оризот, а во зависност од другите додатоци, постојат безброј видови.

Поради популарноста на ова јадење, денес можете да најдете суши за сечиј вкус – со лосос, со авокадо, со краставички, со ракчиња… Иако можеби ги имате пробано кај нас, доколку сте во Јапонија, немојте да ги одминете.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-03.jpg

Пролетни ролнички, Кина

Во Азија можете да најдете многу видови пролетни ролнички во зависност од начинот на приготвување, видот на тестото и филот. Пролетните ролнички можат да бидат благи или кисели и печени или пржени. Најчесто се полнети со месо или зеленчук.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-04.jpg

Бурито, Мексико

Буритото е можеби најпознатото мексиканско јадење, а веројатно и самите си имате направено. „Оригиналното“ мексиканско бурито е направено со тортилја која е малку запечена на скара и наполнета со грав и месо.

Денес низ целиот свет постојат разни видови бурито со додатоци како ориз, гвакамоле, домати, салса, марула и кашкавал.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-05.jpg

Риба и помфрит, Велика Британија

Најпознатиот британски оброк се состои од пржена риба и помфрит, со малку сол и оцет. Денес сите туристи знаат дека овој оброк е неизбежен доколку сте во Англија и можете да го најдете на речиси секоја улица.

tradicionalna-brza-hrana-od-celiot-svet-shto-vredi-da-ja-probate-06.jpg

Уште 5 на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Професионални готвачи откриваат која е „тајната“ состојка што ја користат во скоро секое јадење Кафе во чоколадни торти, паста од домати во сосови за месо… Кои се тајните состо...
8 индиски зачини со кои ќе готвите како професионалец Каранфилче во јадења со зеленчук и ориз, цимет за десерти – бројни зачини од инд...
Крцкави однадвор, меки однатре – 6 трикови за совршено печени компири Клучот е да избирате компири со слична големина, за да завршат со готвење во ист...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
8 продукти кои (најчесто) ги миеме погрешно Дали знаете како правилно се мие зелката? Или пак, јаболката? Прочитајте дали ја...
Гравот се потопува во сода – Кујнски трикови на ориенталните готвачи Јајцата се пржат само во бакарни садови, а кафето треба да се вари двапати… Кои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg