Идеи за оброци во работните денови кои ја зголемуваат продуктивноста
Дали и на вас ви е здосадено секој ден да бирате што да купите и јадете додека сте на работа, а притоа да не се прејадете?
Иако можеби уживате во некој богат, масен оброк, оние кои пробале, знаат колку може да биде тешко да се продолжи со работа по него, бидејќи сè што сакате е да си легнете.
Освен што предизвикува чувство на поспаност и мрзеливост, тешките оброци брзо дебелеат, па немате никаква корист од нив, барем во работното време.
Доколку сакате да останете здрави, најадени и продуктивни, треба да се држите до салатите со хранливи состојки и домашно подготвени јадења.
Ако веќе немате идеи, следниве оброци нека ви бидат предлог мени за работните денови, бидејќи се вкусни, а многу подобри од брза храна:
Марула + сечкани зеленчуци + пилешко месо + семиња
Кајгана + спанаќ + зеленчуци + парче леб од цело зрно пченица
Домашно бурито со туна и зеленчуци
Овесни снегулки + јогурт + бобинки + јаткасти плодови
Печен компир + тиквици + модар домат + морков
Тестенини + брокула + модар домат + зеленчук по избор
М. М. | Црнобело