Како да не се здебелите во празничниот период со вкусни и богати трпези?

Секоја година го велиме истото, дека оваа зима нема да дозволиме да качиме некој килограм, но кога ќе почнат славите, прославите и богатите трпези, тешко ни оди да стоиме на зборот.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-01.jpg

Сепак, тоа не значи дека е невозможно и дека е дозволено и оправдано секоја зима да качувате по неколку килограми.

Иако многумина не можат да одолеат на вкусните трпези кои се подготвуваат во празничниот период, сепак може да ставите граници и да ја задржите идеалната фигура.

Доколку сте во потрага по начин како да успеете во тоа, следниве трикови ќе ви бидат корисни:

1. Ако сте вечерта на прослава, не размислувајте цел ден на тоа, и не си викајте дека цел ден ви е „cheat day“. Појадокот и ручекот може да бидат умерени, не го прескокнувајте вежбањето и не го претворајте цел ден во „дебелеење“.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-02.jpg

2. Пред да одите на прослава, каснете нешто дома што ќе ве задржи и нема да ве тера да изедете сè на трпезата штом стигнете.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-03.jpg

3. Ако не сакате да јадете калорична храна, а не можете да гледате како другите јадат, носете си бадеми кои ќе ги грицкате одвреме-навреме за да се залажете.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-04.jpg

4. Ако вие имате прослава, не јадете додека готвите, а откако ќе подготвите сè, држете се настрана од трпезата и кујната.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-05.jpg

5. Наместо да седите на трпеза и да јадете, зборувајте со луѓето, одете од човек на човек и дружете се за да имате занимација и да заборавите на јадење.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-06.jpg

6. Наместо да ги ловите кифличките, руската и француската салата, фокусирајте се прво на свежите и поздрави јадења на трпезата и ставете си прво од нив, а ако ви остане место, пробајте малку од другото.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-07.jpg

7. Облечете се во облека која прави да се чувствувате гламурозно и нема да ви биде сеедно да јадете сè и сешто со неа.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-08.jpg

8. Ако бирате алкохол, одберете црвено вино, но не претерувајте со количината.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-09.jpg

9. Доколку се работи за забава, танцувајте повеќе, така можеби ќе согорите и неколку калории, а ќе бидете далеку од трпезата.

kako-da-ne-se-zdebelite-vo-praznichniot-period-so-vkusni-i-bogati-trpezi-10.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за здрави и вкусни мезиња кои изгледаат неодоливо (може да ги служите и за гости) Ако ви треба идеја за вкусни мезиња и замена за грицки во доцните часови – сигур...
Највкусните супи и манџи од земјите ширум светот што треба да ги пробате Македонскиот грав, но и турската чорба позната како mercimek … Која е вашата оми...
Бевме на велигденски ручек кај Давор - Dave’s Kitchen: 9 вкусни јадења, вапсани јајца и опуштено дру... „Ајде да готвиме заедно. Ќе спремиме три јадења“, беше предлогот на Давор, позна...
6 правила што треба да ги следите за да ослабите без строги диети и напорни тренинзи Почесто гответе наместо да нарачувате храна и движете се секогаш кога имате можн...
Ја подобруваат циркулацијата и уште 7 причини зошто почесто да јадете боровинки Без разлика дали како свежи или замрзнати, боровинките може да се најдат во теко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg